Реклама

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Македонија

Реновираниот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде отворен од новиот семестар, МОН деновиве ќе објави конкурс за сместување

Од февруари, за почетокот на вториот семстар, ќе почне сместувањето во реновираниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од февруари, за почетокот на вториот семстар, ќе почне сместувањето во реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во центарот на Скопје, кој ќе има капацитет за 280 студенти. Министерството за образование и наука деновиве ќе го распише конкурсот за прием на студенти.

– Ќе може да бидат сместени сите студенти што исполнуваат услови за да добијат сместување во студентски дом – изјави министерката Весна Јаневска, која денеска, симболично, по повод Меѓународниот ден на студентите – 17 Ноември, изврши увид во завршните активности во домот и заедно со медиумските екипи ги разгледа собите, мензата, кујната и други простории во реновираниот студентски дом. 

„Кузман“ и „Стив Наумов“ во скопска Автокоманда, кој беше отворен на крајот од септември, се првите два од планот за етапна реконструкција на девет студентски дома во државата. За овие два дома сместувањето е со партиципација од 6.600 денари затоа што, според законот, тие се енергетски ефикасни објекти исе во категоријата тип 1. 

Реклама

Задоволен од новиот изглед на домот „Кузман“, директорот на Државниот студентски дом „Скопје”, Александар Каровски, изјави дека условите се како во хотел.

– Условите се идеални, на ниво на хотелски. И претходно кажав дека овие услови се најдобри во регионот и пошироко – рече Каровски.

Сите соби во студентскиот дом „Кузман“ имаат по еден кревет и исти услови, без категоризирање како порано на соби за бруцоши и за студенти од погорни години и апсолвенти. Собите се опремени со кревет, плакар, работна маса и стол, мијалник, а по неколку студенти, со разлики во бројот, ќе делат тоалет и бања. Во домот има централно греење и ладење.

Реконструкцијата е помогната од Европската Унија и Германската развојна банка – KFW. Темелната обнова на првите два дома од сеопфатниот план траеше повеќе од две години. Вкупната финансиска конструкција за реновирање на сите девет дома е 86 милиони евра. Од нив, 60 милиони евра се кредит, 22 милиони евра грант и 4 милиони евра вложени од државата. Во вкупниот износ влегува и планираната реконструкција на сите училишта со ресурсен центар за да бидат подобрени условите и за учениците со посебни образовни потреби. 

Јаневска потсети дека кредитот е обезбеден во 2018 година, а реконструкцијата почна во 2024. 

– Овде веќе беше почната, имаше вовед во работите, а „Стив Наумов“ не беше ни почнат. За 2,5 години ги завршуваме двата дома. Очекувам некаде во декември да почнеме одеднаш со изградба на седумте преостанати бидејќи сите тие се во разни градови. По завршување на студентските домови, ќе продолжиме со реконструкција на училиштата со ресурсни центри затоа што тоа е исто една исклучително важна категорија луѓе, деца со посебни образовни потреби, кои навистина треба да имаат соодветни услови, каде што ќе се образоваат, а некои од нив и да живеат – додаде Јаневска.