Реклама

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Македонија

Почна откупот на тутунот по 435 денари, прв ги отвори пунктовите Прилепскиот тутунски комбинат, Министерството за земјоделство најави за 10 денари повисока субвенција

Почна откупот на тутунот од годинашнава реколта. Прв, со 34 откупни пункта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна откупот на тутунот од годинашнава реколта. Прв, со 34 откупни пункта вратите за откуп ги отвори прилепскиот тутунски комбинат, а уште три од вкупно 10-те откупни компании во земјава започнаа со преземање на годинашниов род на тутунот. Комбинатот дава повисока цена од ланската од 420 денари и е 435 денари за килограм тутун. Родот, тежок околу 26.000 тони, е квалитетен. 

 Министерството за земјоделство понуди за 10 денари повисоки субвенции, од 80 на 90 денари за сметка на мерката зелена нафта.

Прилепскиот тутунски комбинат отвори 34 откупни пункта во земјава и откупната цена е 435 денари за килограм.

Реклама

– Прилепскиот тутунски комбинат денеска прв започна со откупот на тутунот во Македонија од годинашнава реколта. Започнавме со откуп на 34 откупни пунктови и фактички ги отворивме сите откупни пунктови во Македонија. Има голема заинтересираност од тутунарите. Не очекувам проблеми во откупната сезона. Генерално, тутунот е со добар квалитет. Имаме договорено за откуп на 2.600 тони тутун со кооперантите и ќе го преземеме. Цената е 435 денари за килограм, тутунот се откупува во прва класа. Исплатата е за два до три дена од откупот на тутунот, изјави Александар Алексоски, директор на Тутунски комбинат – Прилеп. 

Според министерот за земјоделство, Борче Серафимовски, интересот за тутунопроизводство е голем. Дури и површините се зголемени на  15.100 хектари, а со денешниот почеток на откупот се постигнува цена од 435 денари за килограм и веќе четирите компании кои го почнаа откупот откупија преку шест тони тутун.

Министерството за земјоделство најави за 10 денари да се зголемат субвенциите – од 80 на 90 денари, а да се отфрли мерката зелена нафта. Тоа е во интерес на производителите, смета министерот Серафимовски. 

– Годинава очекуваме квалитетен тутун, а тоа се потврди со тутунот донесен за откуп. Очекуваме да биде откупен од 26 до 30.000 тони произведен тутун.  Имаме 15.100 хектари засадени со тутун, што е бројка поголема од минатата година. За откуп на тутунот се предвидени 435 денари за килограм и, главно, тутунот се купува во прва класа, поради квалитетот. Во разговорот со Сојузот на земјоделските здруженија и со тутунарите ќе предложиме ново решение, односно зголемување на субвенцијата од 80 на 90 денари, зашто сакаме да им излеземе во пресрет на поголемиот број тутунари. Ќе предложиме измени во самата Програма: основната мерка и зелената нафта да бидат укинати, а тутунарите да добијат дополнителни 10 денари за субвенција на тутунот. Ги разгледуваме сите законски можности и ќе добиеме резултати од анализата, така што ќе знаеме дали тоа ќе важи за оваа година, изјави министерот Серафимовски при почетокот на откупот на тутунот во прилепскиот тутунски комбинат. 

Сојузот на земјоделски здруженија на Македонија очекува до 1 декември сите 10 откупни фирми кои имаат лиценци да го почнат откупот на тутунот.

– Квалитетот на тутунот дава гаранција дека ќе успееме во повисоката откупна цена. Веќе во прилепскиот комбинат за прва класа се нудат 435 денари за килограм, а поради квалитетот тутунот главно се откупува во прва класа.  Условите се одлични со влажноста на тутунот за да се откупува. До 1 декември очекуваме сите 10 откупни фирми да го почнат преземањето на родот и, како лани, околу Нова Година, да привршува откупната кампања, рече Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.