Реклама

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Македонија

АНБ и БЈБ разоткриле иранска прокси-мрежа во Македонија, која подготвувала терористички напад во Грција

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при МВР, во соработка со грчката национална разузнавачка агенција и други партнерски служби, разоткрила прокси-мрежа во Македонија поврзана со ирански државјанин, чии членови презеле подготвителни логистички активности за извршување терористички акт, односно атентат врз лице во Грција.

Како што информираа од АНБ и БЈБ, активностите биле преземани од почетокот на 2026 година во соработка со странските партнерски служби.

Биле преземени оперативно-технички и аналитички активности за разоткривање на мрежата, поврзана со иранскиот државјанин Едрис Јахангири Маване (Edris Jahangiri Mavaneh), кој е идентификуван како лице поврзано со други прокси-актери на иранските безбедносно-разузнавачки служби, вклучително и со наркобосот Наџи Шарифи Зиндашти (Naji Sharifi Zindashti).

Реклама

Во однос на македонската мрежа, станува збор за лица етаблирани во криминални структури во земјата, кои по директни насоки на иранскиот државјанин презеле подготвителни логистички активности за извршување на терористички акт/атентат врз лице во Грција, се наведува во соопштението.

Со размена на информации со странските партнерски служби бил разоткриен и начинот на функционирање на мрежата, вклучително и одржувањето конспиративни средби на територијата на трети земји, меѓу кои и Иран. Притоа биле потврдени врските со иранскиот државјанин, кој се посочува како главен носител на планираната терористичка акција.

Од АНБ и БЈБ оценуваат дека ваквите поврзаности се вклопуваат во обидите на иранските разузнавачки служби да ги прикриваат своите активности преку криминални прокси-мрежи во трети земји, вклучително и Македонија.

Како дополнителен безбедносен контекст, посочуваат дека во изминатиот период повеќе земји се соочиле со терористички закани и напади од ирански прокси актери.

Од АНБ и БЈБ најавуваат дека и натаму ќе работат на детектирање и спречување евентуални терористички закани преку прокси-елементи од Иран, како и на разоткривање други лица инволвирани во вакви мрежи.