Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Економија

Николоски: Владата стратешки инвестира големи средства за развојот на коридорите 8 и 10, без поврзаност не може да има бизнис

Заедничкиот настап на земјите од регионот ќе овозможи нивна поголема конкурентност на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заедничкиот настап на земјите од регионот ќе овозможи нивна поголема конкурентност на европскиот и светскиот пазар, а инвестициите во инфраструктурата значат инвестиции во поврзаноста и во економската соработка – истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во обраќањето на 23. виенски економски форум, кој годинава се одржува со мотото „Заедничка визија за заедничка иднина, стратешки предизвици“.

– Темата на годинешниот Виенски економски форум е исклучително значајна затоа што регионот и како регион е мал на светскиот пазар, но ако ја гледаме секоја држава посебно, тогаш е премала да се натпреварува на пазарот. Затоа треба да се обидуваме за одредни работи да настапуваме заеднички како регион на ЈИЕ и на европскиот пазар во рамките на соработката со ЕУ, но исто така и на светскиот пазар. И во таа насока, една од основите за развој на оваа соработка секако е поврзаноста затоа што без поврзаност не може да има и бизнис – вели вицепремиерот и министер за транспорт Николоски на прашањето колку е важна изградбата на коридорите 8 и 10 за интензивирање на регионалната соработка и геополитичко позиционирање на државата.

И во таа насока тој потенцира дека Владата на Македонија стратешки инвестира големи средства за развојот на двата коридори.

Реклама

– Ние во моменто градиме шест автопатски делници, ја завршуваме Охрид – Кичево, ја почнавме Кичево – Букојчани, ги градиме Букојчани – Гостивар и Гостивар – Тетово, тоа е на Коридорот 8. Понатаму, поврзувањето со Косово и со пристаништето Бар во Црна Гора, автопатот Скопје – Блаце, кој неодамна го почнавме. Тука е секако и Коридорот 10 д, веќе работиме на Битола – Прилеп, така што тоа се шесте автопати што веќе ги градиме – посочува Николоски.

Паралелно на тоа, додава тој, завршени се три експресни патишта.

– Првин е патот што оди од Градско до Дреново како дел од Градско – Прилеп. Вториот е од Дреново до Фариш и третиот е Страцин – Крива Паланка на Коридорот 8, источното крило. Ако на тоа се додаде огромната инвестиција во железницата, дали се работи за проектот „Градски воз“ или за изградбата на источното крило на Коридорот 8, каде што првиот дел од пругата од Куманово до Бељаковце во должина од 34 км беше завршен, вториот дел од Бељаковце до Крива Паланка во должина од 31 км се работи и за третиот дел во должина од речиси 24 км од Крива Паланка до влезот на прекуграничниот тунел веќе имаме активен тендер – тогаш јасно е дека имаме многу со што може да се пофалиме – истакна вицепремиерот Николоски.

Воедно, вели, работиме заедно со ЕУ на развој на западното крило на Коридорот 8, првин со еден проект што треба да значи реконструкција и рехабилитација на пругата од Скопје преку Јегуновце, Тетово и Гостивар и во втората фаза до Кичево.

– Секако, тука е и проектот за брзата пруга на Коридорот 10, од граница со Србија до граница со Грција, каде што подготвителните активности се при крај и се надевам дека многу бргу ќе почнеме и да градиме – потенцира Николоски.

Вредноста на развојните проекти што ги реализира Македонија на овие два коридори, кои носат и особен бенефит за регионот, е меѓу 5 и 6 милијарди евра, а целта е, како што посочи вицепремиерот на панел-сесијата „Заедничка визија за долгорочна економска соработка“, да станеме вистинска крстосница на Балканот, каде што ќе се спојува бизнисот и ќе придонесеме за зајакнување на безбедноста. 

Една од темите на форумот беше и вештачката интелигенција и новите модерни технологии за кои, вели, Владата силно работи на нивна примена. 

– Со измените на Законот за јавните набавки се воведува и користење вештачка интелигенција, што доста ќе помогне во транспарентноста на јавните набавки и добивањето на најдобрите понуди во тие постапки – вели Николоски.

Имено, со донесените измени на Законот за јавните набавки се предвидува користење дигитални алатки, како и решенија засновани на ВИ за автоматизирано следење и откривање неправилности и ризици во постапките.

Николоски втора година по ред учествува на Виенскиот економски форум за кој оцени дека е важна економска платформа со повеќе од 20 години традиција, особено за земјите од ЈИЕ, која дава можност за промоција на развојните политики на земјата, воспоставување нови контакти и привлекување потенцијални инвеститори.

Учествуваа членови на бордот на Виенскиот економски форум, министри од земјите од Западен Балкан, претставници од ЕУ, како и високи претставници на меѓународни финансиски институции.   

Виенскиот економски форум „Виенски дијалог за иднината 2026“ е официјално признат од Европската комисија во рамките на глобалниот настан на „Форумот за проширување на ЕУ 2026“. Форумот што постои повеќе од 20 години е успешна европска економска платформа за промоција на развојот на регионалната економија од Јадранското до Црното Море и пошироко како составен дел од европската и глобалната економија и се залага за регионална економска соработка, европска интеграција и остварување на заедничките европски вредности во целиот регион.