Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Вајц: Македонија треба да биде предводник во преговорите со ЕУ, ако се надминат сите блокади од Бугарија

Функционалното владеење на правото, доследното спроведување на законите и изборот на раководни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Функционалното владеење на правото, доследното спроведување на законите и изборот на раководни кадри врз основа на образованието, работното искуство и квалификациите се клучни предуслови за економскиот развој и враќањето на довербата на граѓаните во институциите, оцени денеска европратеникот и известувач на Европскиот парламент за МакедонијаТомас Вајц, во видео-обраќањето на тематската дебата во Собранието посветена на извештаите на Европската комисија за владеењето на правото и парламентарниот надзор. Тој нагласи и дека Македонија треба да биде предводник во преговорите за пристапување кон ЕУ, ако се надминат сите блокади од соседна Бугарија нагласувајќи дека тука треба да се вложи голем напор. 

– Се надевам дека Македонија ќе почне со преговорите имајќи ги предвид сите реформи што се спроведени во вашата земја. Вие би требало да бидете предводници во преговорите за пристапување кон ЕУ ако се надминат сите блокади од соседна Бугарија. И тука треба да вложиме многу напори – истакна европратеникот.

Тој, во обраќањето на денешната тематска дебата за извештаите на Европската комисија за владеењето на правото, истакна дека корупцијата претставува пречка и застој што никому не му носи корист и дека е неопходно да се надминат состојбите што го попречуваат напредокот.

Реклама

Вајц нагласи дека владеењето на правото не треба да се разгледува само во контекст на приближувањето кон Европската Унија, туку пред сè како услов за економски развој и создавање подобри перспективи за граѓаните.

– Знаеме дека корупцијата е назадување, еден застој, не помага никому и треба да се обидеме да ја одминеме. Но, надвор од прашањето за претставување кон Европската Унија, за економскиот развој на земјата е важно дали владеењето на правото е функционално или не. Дали вие како претприемач, ако доаѓате од странство, како инвеститор, можете да се потпрете на владеењето на правото во вашата земја? Не само дали државата ги има законите на хартија, туку и дали тие се имплементираат. Тоа е клучно за економскиот развој и нешто што треба да им го испорачаме на нашите граѓани, пред сè како најважна работа – рече Вајц.

Тој посочи дека ова е особено важно за земја која се соочува со одлив на млади луѓе, бидејќи за задржување на младите и создавање можности за нивна иднина неопходни се квалитетни инвестиции и добар економски развој.

Како уште едно клучно прашање за владеењето на правото и функционирањето на институциите, Вајц го посочи начинот на распределба на работните места и потребата од избор на стручни и квалификувани кадри, наместо партиска пристрасност.

Тој направи споредба со општествата во Австрија, Швајцарија и Шведска посочувајќи дека, иако станува збор за земји со високо развиено владеење на правото, предизвиците со политичките влијанија при распределбата на работните места се присутни и во други држави.

Според Вајц, разбирливо е секоја нова влада да има лица од доверба односно лојални луѓе од политичката структура во својот кабинет. Но, кога станува збор за изборот на министри, директори на сектори и одделенија, како и раководители, клучни критериуми треба да бидат работното искуство, образованието и квалификациите на кандидатите.

– Разбирливо е дека секоја нова влада мора да има лица во коишто ќе има доверба, лојални лица за кабинетот коишто доаѓаат од политичката структура. Но, кога станува збор за составот на одбраните министри или директори на сектори, на одделенија, раководители, тогаш пред сè во центарот на вниманието како клучен фактор за тоа работно место треба да биде работното искуство и образованието, односно квалификациите – рече Вајц.

Тој предупреди дека кога на одредени позиции има недостиг од квалификации, но и кога станува збор за преквалификувани кадри, тоа може да претставува пречка за ефикасното функционирање на институциите. Посочи дека ваквата појава често се забележува во регионот, но и дека сè уште е присутна во некои земји членки на Европската Унија.

– Тоа многу често го среќаваме во регионот, па дури и во некои од земјите членки на ЕУ сè уште се забележува оваа појава. Треба да разгледаме, ние, како претставници на државата, без разлика дали сме во парламентот или во владата, дека треба повторно да ја изградиме довербата на граѓаните во нас. Ова е клучниот темел на демократскиот систем – довербата на граѓаните и можноста на државата да го испорача сето ова во нивно име, истакна Вајц.

Тој посочи дека клучно е институциите да имаат капацитет, овластувања и соодветни ресурси за да ги спроведуваат законите, но и да бидат ослободени од политички влијанија. Нагласи дека, покрај законските реформи, неопходни се обучен кадар, финансиски средства и независни механизми за контрола и отчетност. Како важен показател за функционирањето на демократијата ја посочи довербата на граѓаните во правосудниот систем и еднаквоста на сите пред законот, без оглед на нивниот општествен или материјален статус.