Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Форум на жени на ВРЕДИ бара неселективна правда за жртвите на машко насилство

Форумот на жени на ВЛЕН изразува згрозеност од зачестените кривични дела со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Форумот на жени на ВЛЕН изразува згрозеност од зачестените кривични дела со сторени тешки облици на насилство врз жените, од кои за жал, некои завршија и со смртен исход.

Од почит кон последната жртва на машко насилство не сакаме нечие страдање да го политизираме. Затоа, на претепаната девојка – жртва од Охрид и посакуваме побрзо физичко и психолошко закрепнување од траумите кои ги доживеала.

Искрено се надеваме дека нејзиното семејство ќе изнајде сила да се справи со сите предизвици. Како жени, меѓу кои има и родители на малолетни деца, сакаме да упатиме порака до државните органите на прогон и правосудната власт.

Реклама

Ако системот избегнува соодветно да санкционира насилничко поведение заради различни причини, тогаш со евентуална селективна правда сите ризикуваме да се појави самовластие, кога блиските на жртвата ќе бидат принудени да делуваат во нужна одбрана и самите да ја истераат правдата за своето чедо.

Алармот е вклучен. Како општество не смееме да дозволиме било кој родител да биде доведен во состојба на силна раздразливост (афект) во кој ќе стане принуден да преземе чекори од кои нема назад.

Свесни сме дека родителите најчесто се слепи и глуви за грешките на своите деца, ама за насилство извршено врз биолошки послабиот пол нема и не може да има оправдување. Правдата мора да биде истерана до крај, без калкулации и обиди за тргување со политичко влијание.