Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Зимбакова на светската ликовна изложба во Дубаи, на тема „Образувај се, за да имаш моќ“

Сликарката Кристина Зимбакова по вторпат учествува на светската ликовна изложба во Дубаи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сликарката Кристина Зимбакова по вторпат учествува на светската ликовна изложба во Дубаи, на тема „Образувај се, за да имаш моќ“, под покровителство на УНЕСКО и во соработка со Одделот за култура и уметност на Дубаи. Деветтото издание на реномираната иницијатива „Уметноста ги поврзува жените“ се одржува во Меѓународниот финансиски центар на Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, од 12 до 15 ноември, во организација на Галеријата „Зи-артс“ со седиште во Дубаи и огранок во Маурициус, Африка. Изложбата ја отвори Шеиката д-р Шама бинт Мухамед бин Калид Ал Нахјан, која е во одборот на директори на кралските културни и образовни институции на ОАЕ.
 
На изложбата со свои дела се застапени 115 уметнички од 115 земји од сите континенти, кои се „ликовни амбасадори“ на својата земја. Настанот се состои не само од изложба туку и гала-вечер со признанија за учесниците, како и конференција со врвни предавачи чиј предмет на дискусија е поврзаноста меѓу културата, финансиите, технологијата и одржливиот развој. Платформата „Уметноста ги поврзува жените“ ги обединува уметничките од целиот свет и промовира извонредност, рамноправност, размена на знаења и културна дипломатија. Годинава акцентот е на уверувањето дека образованието е еден од најсилните инструменти за стекнување моќ, а културата – темел на одржливиот развој.
 
Кристина Зимбакова се претставува со сликата „Оркански височини“, инспирирана од истоимениот култен роман од британската писателка Емили Бронте.
 
Зимбакова е интердисциплинарна уметничка чии симболични и фигуративни слики во комбинирана техника ја истражуваат врската меѓу природата, емоциите и поезијата. Таа создава рачно изработена хартија од габи, а габите и лишаите се нејзини карактеристични медиуми, заедно со техниките мозаик, колаж, вез и работата со текстил. Преку габите, собрани од разни краишта од светот за време на  нејзините планинарски патешествија или во соработка со биолози, во ликовните дела природните материјали се преобразени во визуелни поетски приказни.

Нејзиното творештво е предмет на магистерска теза „Ткаење врски преку мицелиум и плетеници: еко-феминистички одрази во поезијата на Силвија Плат и ликовната уметност на Кристина Зимбакова“, одбранета на Универзитетот „Лозана“ во Швајцарија. Во 2025 година ја добива Годишната награда на градот Струмица за особен придонес во уметноста, а престижни стипендии има добиено од УНДП и од Меѓународниот институт за бои од габи, САД. Изложувала низ Европа, Северна Америка, Африка и Азија.