Реклама

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Македонија

Конзервиран редок ранохристијански камен фрагмент откриен на локалитетот Градиште во Пчиња

Заврши конзервацијата на камен фрагмент, дел од амвон или певница, откриен минатата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши конзервацијата на камен фрагмент, дел од амвон или певница, откриен минатата година при археолошките истражувања на локалитетот Градиште во кумановското село Пчиња. Наодот е дел од архитектонската декорација на ранохристијанската базилика, чии најстари остатоци датираат од крајот на IV и почетокот на V век.

Докторантката и конзерваторка Валентина Илијевска од НУ Музеј Куманово информира дека е завршена конзервацијата на значајниот археолошки наод од базиликата, која била градена во повеќе фази и се наоѓа на источниот крај од утврдувањето на тврдината.

Археолошките истражувања се одвиваа етапно. Откриениот фрагмент претставува значаен наод за понатамошното проучување на ранохристијанската архитектура на локалитетот. 

Реклама

-На камениот фрагмент се забележуваат дел од крст и флорални мотиви, како и мал сегмент за кој се претпоставува дека претставува впишан крст. Предметот има пастелна розеникава нијанса, со димензии 51,5 на 30 сантиметри и просечна дебелина од шест до седум сантиметри. Според визуелните карактеристики, станува збор за камен кој наликува на варовник или песочник, најверојатно користен од непосредната околина на локалитетот. Фрагментот е солидно сочуван во однос на структурата, но за целосниот изглед недостига поголемиот дел од декорацијата – појаснува Илијевска.

По откривањето, фрагментот бил дислоциран од локалитетот и доставен во два нееднакви дела, кои биле соодветно составени. Конзерваторската постапка опфатила механичко и суво чистење, како и отстранување на нечистотиите и земјените наслаги.

Целта е конзерваторската постапка да биде завршена прецизно, по што фрагментот ќе биде подготвен за изложување во поставката на НУ Музеј Куманово.

Проектот го предводеше археолог Дејан Ѓеоргиевски, во НУ Музеј Куманово. Покрај изложбената, наодот ќе има и научноистражувачка вредност и ќе придонесе за понатамошните истражувања на ранохристијанскиот комплекс на Градиште.