Реклама

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Прилози

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Алармантна е ситуацијата во Европа. Цената на струјата е до 500 евра…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Алармантна е ситуацијата во Европа. Цената на струјата е до 500 евра за мегават час, додека пак цената на гасот е околу 90 евра за мегават час. За смирување на состојбата и одржување на ценовната стабилност, надлежните кај нас веќе ги подготвуваат капацитетите. Покрај трите блока на РЕК Битола кои ќе бидат подготвени, во функција се става и ТЕЦ Неготино. Подготвена е железница да го прави увозот на мазут, додека пак за увоз на јаглен се отвора посебен граничен премин со Косово од каде што ќе се набави енергенсот. Иако во Европа се најавуваат можни рестрикции, во Македонија засега граѓаните не треба да стравуваат од вакви потези. Премиерот Хрисијан Мицкоски најави дека во следниот период ќе следува тешка борба за одржување на ценовната стабилност, но, вели дека тие ќе направат се што е во нивна моќ со механизмите кои им стојат на располагање да го заштитат стандардот на граѓаните и да нема поскапувања или тие да бидат минимални.
“Ние сигурно, како Влада, односно АД ЕСМ, на јавниот повик на ЕВН Хоме ќе достави понуда којашто ќе биде со иста цена како минатата. Значи, нема да бара поскапување на цената. Така што тоа што се однесува до државата, ние ќе се трудиме да останеме на нула, односно да нема поскапување. Но тоа не можам сега да го кажам за приватните субјекти коишто учествуваат, тоа е нивна суверена политика, јас тука не можам сега да интервенирам. Но тоа коешто зависи од државата, ние направивме еден таков модел, којшто изминативе денови го разработувавме со АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ. Направивме еден бизнис-план со којшто нема да бараме покачување на цената на струјата, производот ќе биде по иста цена, зборувам како државни компании, државна компанија АД ЕСМ, и на крајот од 2027 година ќе целиме на профит којшто би го остварила оваа компанија“, рече Мицкоски.

Покрај струјата, на удар се и граѓаните кои се грејат на парно греење. Во моментов се прават пресметките за новата цена а парното, а според последните информации од светските берзи, цената на гасот е за три пати повисока од тоа што беше лани, кога се формираше цената. Премиерот уверува дека и за ова се прават напори да нема ценовен шок:

„Што се однесува до топлификација, тука се бара поскапување многу големо. Цената на гас е три пати поголема од минатогодишната цена за истиот период. Но и тука ќе се бориме да нема алармантно зголемување на цената, односно да биде во рамките на нешто што максимум, односно минимум, може да се издржи”, дополни Премиерот.

Реклама

Мицкоски дополни дека тие како Влада ќе останат посветени на заштита на стандарот на граѓаните и вети дека ќе се бори цените во Македонија да останат на најниско ниво во Европа за енергенсите, но и за горивата.