Реклама

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Хроника

Пријавите за семејно насилство се зголемени, предложени законски измени за заштита на жртвите

Семејното насилство во Македонија бележи сериозен пораст, а особено загрижува фактот што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Семејното насилство во Македонија бележи сериозен пораст, а особено загрижува фактот што меѓу жртвите има и сè поголем број деца. Во првите десет месеци од 2026 година во полицијата биле пријавени 1.897 настани поврзани со семејно насилство, наспроти 1.125 во истиот период лани, што претставува зголемување од околу 69 проценти. Дополнително загрижува податокот дека во првите девет месеци од годинава биле евидентирани 100 деца жртви на семејно насилство. Според полицијата, жртвите се поохрабрени да побараат помош, а еден од факторите е што имаат и зголемена доверба во МВР.

  • „Направивме општествена хајка за да го намалиме бројот на жртви во сообраќајни несреќи. Она на што, според мене, треба да му дадеме фокус е семејното насилство како општествено зло што ни се случува. Убеден сум дека доколку сите се фокусираме на овој општествен проблем, темната бројка ќе се намалува“ рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Според податоците од МВР најголем дел од пријавените настани, околу 20 проценти, се регистрирани на подрачјето на СВР Скопје. Против 1.521 сторител биле поднесени кривични пријави,а на 163 лица им бил определен притвор, а биле изречени и 167 забрани за приближување. Анализата покажува дека жените најчесто се жртви на насилство од сопрузите, потоа од партнерите во вонбрачните заедници и од нивните синови, додека мажите сочинуваат 91 процент од сторителите.

Во насока на подигнување на јавноста свет, електронско следење на сторителите и можност полицијата да ги отстранува од домот, дури и кога се негови сопственици, се дел од предложените измени на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Реклама

Предвидена е и можност, со судска одлука, одредени мерки да се спроведуваат со електронски алки за следење на сторителите. Една од позначајните новини е можноста полициски службеник, доколку утврди сериозен ризик за безбедноста на жртвата, веднаш да нареди отстранување на насилникот од домот, без оглед дали тој е сопственик на недвижноста. Усната наредба ќе важи 48 часа, а во рок од шест часа треба да биде доставена и во писмена форма. Потоа, судот ќе одлучува дали мерката ќе ја продолжи до 30 дена или ќе ја прекине

Предлог законот е во Собрание. За него треба да расправаат пратениците.