40 милиони денари финансиска инјекција за посовремена Стоматолошка Клиника. Нови медицински апарати, реконструирани стоматолошки сали се само дел од она што Клиниката го доби за посовремени услови за работа но и подобри стматолошки услуги. Директорката на Стоматолошката Клиника гпосебно ја истакна реновираната ординација за општа анестезија и реанимаиција за деца и возрасни со посебни потреби.
-Посебно би ја истакнала ординацијата за општа анестезија и реанимација која што постои повеќе години не е нова меѓутоа овој пат ја докомплетиравме ја реновиравме. Набавен е видеоларингоскоп, потоа благодарение на Фондацијата,,Верица Механџиска”добивме стоматолошка столица нова со комплет н асадни инструенти, потоа подвижен ренген апарат и еден автоклаф–истакна директорката на Клиниката др. Јулијана Николовска.
-Децата со аутизам нели имаат некој вид на дентофобија и им е потребно сала за анестезија во која што преку анестезија ќе бидат санирани нивните проблеми–истакнаа од Фондацијата ,,Верица Механџиска”.
Миниситерот Клековски додаде дека ова е ќе биде од големо значење за пациентите со посебни потребни.
-Не можеме да си дозволиме да имаме само една установа во цела држава која се грижи за ваков тип на интервенции. Постоењето на можност за стоматолошка услуга со општа анестезија треба да е подостапна бидејќи така ќе имаме повеќе лица со здрави заби–истакна министерот Клековски
Клековски вели дека во иднина ќе се фокусираат на отворање на ординации од ваков тип и во Тетово, Штип и Битола. Инаку со реновирањето и модернизирањето на Стомататолошката клиника е направен значаен исчекор во добивање поквалитетни стоматолошки услуги за пациентите но и подобри услови за работа на докторите

