Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мицкоски: Нула напредок во борбата против корупцијата се однесува на случаи амнестирани со измените на КЗ на претходната власт

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Извештајот на Европската комисија, во кој се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Извештајот на Европската комисија, во кој се наведува нула напредок во клучните сектори како борбата против корупцијата, е реален документ кој е ставен на маса, иако лично не се согласува со одредени аспекти, за кои, како што посочи, разговарал и со евроамбасадорот Михалис Рокас.

– Објективно јас не можам да се сложам, но тоа е мој проблем. Извештајот е документ којшто го прави Европската комисија, дали е објективен или не е објективен можеме да дебатираме. Тоа го разговарав и со амбасадорот Рокас, но тоа е што е, тој е реален документ, ставен на маса и ние сега врз основа на тој документ треба да продолжиме да работиме – изјави Мицкоски, во гостувањето на една од националните телевизии.

Според Мицкоски, кога се зборува за гонење на висока корупција, тие случаи остануваат во минатото бидејќи се „амнестирани“ со измените на Кривичниот законик што ги направи претходното владино мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ, нагласувајќи дека Владата ги испратила новиот Кривичен законик и Законот за кривична постапка на мислење во Брисел, но за жал, со нив не може ретроактивно да се гони висока корупција.

Реклама

– Со носењето на овие два закони од тој момент па натаму ќе важат, а се што било претходно нема да важи за жал, односно оној Кривичен закон којшто го измени претходното владино мнозинство СДСМ и ДУИ ќе биде доволна алатка во нивните раце за да тие самите за себе и за сите оние други случаи на висока корупција од минатото им биде некаков тип на политичка амнестија – изјави Мицкоски, нагласувајќи дека кога зборуваме взаизвештаите на Европската унија за гонење на случаи од висока корупција се мисли токму на тие профилирани случаи од висока корупција и тие ќе останат засекогаш во минатото и амнестирани.

Мицкоски појасни дека претходните измени во Кривичниот законик беа изнудени поради одлука на Уставниот суд, со цел да се спречи масовна амнестија и излегување на сите затвореници на слобода.

– Не можам да се сложам со вас, ниту па со тоа што е содржано во Извештајот. Зошто? Затоа што многу добро знаат тие кои даваат сугестии во Брисел и вакви квалификации дека тие измени во Кривичниот законик беа изнудени, а беа резултат на одлука на Уставен суд. Односно Уставниот суд даде определено време во коешто ние моравме да интервенираме со одредени измени во Кривичниот законик за да не дојде до масовна амнестија, затоа што ако не се случеше тоа тогаш ќе дојдеше до масовна амнестија и сите кривични дела, практично сите затвореници ќе ни излезеа од затвор. И затоа ние најдовме едно решение коешто го комунициравме со нив, не знам зошто вакви работи ставаат во извештајот кога знаат дека ние тоа го комунициравме и рековме ова е времено решение додека го работиме Кривичниот законик со експертите коишто се предложени од Брисел и додека тој законик биде готов, ова ќе биде за да можеме да го исполниме она што Уставниот суд го бара од нас, за да не дојде до масовна амнестија и буквално анархија во општеството правно – изјави Мицкоски.

Во новиот Кривичен законик, Мицкоски нагласи дека казните ќе бидат согласно стандардите што важат за европските земји.

– Ова го работевме со експерти кои беа препорачани од Брисел, не го работевме сами. Има многу работи коишто се новитети, коишто досега не се вклучени во кривичното право кај нас. Исто така учествуваа и луѓе од Правниот факултет, меѓу нив и академикот Камбовски и друг тип на професори – изјави Мицкоски.