Меморандум за соработка со Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Грција (ЕКДДА) ќе потпише денеска во Атина, министерот за јавна администрација Горан Минчев.
За време на посетата на Атина, министерот ќе одржи состанок со претседателот на ЕКДДА, заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, со претставничката на Академијата за професионален развој на државните службеници при Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа како и генералната директорка на Грчкиот центар за експертиза за административни реформи (Reform Greece).
Веднаш по средбата во проширен состав, планирано е потпишување на Меморандумот за соработка меѓу двете земји.
Во рамки на официјалната посета на Атина, министерот ќе ги посети просториите на Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Грција, каде ќе се запознае со начинот на функционирање и работата на ЕКДДА.

