Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Поднесени кривични пријави за Филипче, Димитриевиќ и Жерновски за „Алта Банка“ Битола

На народната банка и на гувернерот Трајко Славески им дојде преку глава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На народната банка и на гувернерот Трајко Славески им дојде преку глава од паниката и лагите на СДСМ и нивниот лидер Венко Филипче. Неофицијално дознаваме дека тие денес поднеле кривични пријави против речиси целокуното партиско раководство – Филипче како претседател, генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ, а посебна кривична пријава заработил и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски. Кривичното гонење кое го иницира Народната банка против претседателот на СДСМ и функционерите, досега не е потврдено од надлежните институции. Засега не се знае ниту точната содржината на пријавите, односно за кои кривични дела се однесуваат, ниту за конкретните наводи што се опфатени во нив.

Сепак, може да се претспоставува за што станува збор. Од избивањето на случајот со Алта банка, во повеќе наврати Народната банка, премиерот и експертската јавност предупредуваа дека лидерот на СДСМ Венко Филипче, со своите прес конфренции и јавни настапи не само што не помага, туку намерно шири паника со цел зголемување на стравот кај граѓаните. Ваквиот страв резултираше тие да потрчаат на шалтерите и банкоматите за да си ги подигнат сите средства, со што можеа да ја доведат банката до банкрот. Токму заради тоа народната банка мораше да интервенира и да ја преземе контролата врз банката.

Но и покрај ова СДСМ и Филипче не престанаа да ја подгреваат ситуацијата и да го плашат народот тврдејќи дека парите се веќе украдени, дека станува збор за криминална банка и дека во неа власта има вмешано прсти. Дури оддржаа прес конференција дека гувернерот назначил управител на Банката – човек кој требало да ги уништи трагите и да ги заташка наводните криминали. Во неколку наврати Народната банка јавно апелираше СДСМ да престане да шири паника, па дури и јавно бараше одговорност ваквите лажни тврдења кои и носат само штета на банката и граѓаните да престанат.

Реклама
  • „Народната банка смета дека е крајно неодговорно политичките субјекти да шират вакви инсинуации, особено во момент кога институцијата презема конкретни мерки за заштита на интересите на штедачите и клиентите на АЛТА банка. Свесното повторување на веќе демантирани невистини и создавањето сомнеж во законитоста на постапувањето на Народната банка не придонесуваат за информирање на јавноста, туку директно ја поткопуваат довербата во банкарскиот систем“ соопштија од Народната банка на 05.11.2026 година.

Премиерот Мицкоски пак отиде и понатаму и го обвини лидерот на опозицијата за саботажа, бидејќи со своите настапи ги одвраќа и потенцијалните купувачи кои би требало да ја спасат банката и така да бидат заштитени и парите на граѓаните. Но и тоа не го спречи СДСМ да оптие чекор понатму, па дури и да му се заканат на републичкиот обвинител Ненад Савески, доколку не отвори истрага, ќе го снајдела иста судбина како обвинителите во Србија, кои се апселе.