Се одмотува клопчето околу Алта Банка. Владата на СДСМ и ДУИ уште пред три години, односно во 2023-та, му дала насоки на тогашниот државен правобранител да воспостави деловни комуникации со контроверзниот српски бизнимен Давор Мацура, сега веќе притворениот газда на Алта банка Србија. Ова го обелодени премиерот Христијан Мицкоски на собраниската надзорна расправа, објајувајќи го документот – записник од владината седница одржана на 24-ти октомври 2023 година во кој јасно се гледа како се бара од правобранителот да ја застапува Македонија во врска со продажбата на акции во Алта Банка Белград.
-Тогаш претседател на Владата е Димитар Ковачевски. И на самата седница на Владата се отвора темата за Алта банка АД Белград, односно тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими, излегува со информација во која што бара од Владата да му одобри на државното Правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка Србија. Па тука се поставува прашањето дали тие тогаш знаеле кој е Давор Мацура или кога се одлучиле акциите кои ги поседува државата во банката која што ја купува Давор Мацура да му ги продадат, велеле дека имале претстава дека тоа се исто така руски капитал, прљави пари, криминално стекнати пари или тогаш тоа не важело, кажа Мицкоски.
На владината седница, совен Бесими кој ја изнел нформацијата, присуствувале тогашниот премир Димитар КОвачевски, и сегашните пратеници, тогаш министри, Оливер Спасовски, Јованка Тренчевска, Љупчо Николовски, Бисера Костадиновска Стојчевска, Благој Бочварски и Славјанка Петровска
Лидерот на СДСМ Венко Флипче, денеска неподготвено го дочека ова отркитие, па наместо одговор на премирот за време на расправата, мораше прво да го собере својот тим, па на посебна прес-кофнренција да се правда. Го потврди постоењето на записникот, барањето до праворбанителот, но вели дека тоа било за да се заштити македонскиот капитал.
-Еве го записникот од Владата од 24-ти октомври 23-та година. А одлуката е, заклучокот од владината седница е да се ангажира државното правобранителство, како орган кој го штити државниот интерес, вклучувајќи ги и малите акции кои биле откупени без наша согласност, да влезе во комуникација со српските институции, изјави Филипче.
Не само што на времето имале релации со Алта Банка Србија и нејзиниот уапсен сопстевник, по се игледа и сегашните функционери на СДСМ имале пари во Алта Битола.
Ваквата фактичка состојба фрла целосно поинакво светло на она што досега го слушавме во јавноста од страна на опозицијата. Од избивањето на афаерат, па дури и пред тоа, Филипче и СДСм цело време тврдеа дека актуелната влада е таа која соработувала со Мацура и Алта Банка, случјано или намерно без да ја спомнат нивната улога во целиот случај.
Матеја Петровски

