Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да одговори за Еуростандард банка, Алта банка ќе биде спасена и ќе продолжи да функционира

Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДСМ банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ насловено како реакција на прес-конференција на Венко Филипче.

Нервозата на Филипче е очигледна. Наместо да поздрави решение кое треба да придонесе за стабилноста на финансискиот систем и сигурноста на граѓаните, тој повторно се обидува да шири политички конструкции, да создава недоверба и креира црни сценарија.

Очигледно е дека проблемот на Филипче не е во решението за Алта банка, туку во тоа што оваа Влада покажува дека проблемите можат да се решаваат, наместо да се оставаат граѓаните да ги плаќаат последиците како во време на СДСМ.

Реклама

СДСМ треба да се потсети дека во нивно време се затвораа банки, финансиски институции пропаѓаа, а граѓаните и компаниите се соочуваа со неизвесност додека кланот Заеви се богатеа.

Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДСМ и Заев, како и на повлекувањето на средствата од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката.

Тогаш Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра. Филипче и СДСМ немаат кредибилитет да држат лекции за финансиска стабилност додека избегнуваат одговори за периодот во кој тие управуваа со државата.

Наместо да ја напаѓаат секоја иницијатива за решавање на проблемите, нека одговорат на прашањата што ги интересираат граѓаните кој добивал кредити, под кои услови, колку од тие средства биле вратени и дали постоеле привилегирани клиенти блиски до тогашната власт на СДСМ и ДУИ?

Филипче не треба да биде нервозен кога се решаваат проблеми. Треба да биде подготвен да одговори за времето кога неговата партија беше на власт.

Додека Филипче се занимава со црни сценарија, да не се грижи банката ќе биде спасена и банката ќе продолжи да функционира. Им пропаднаа само црните сценарија на СДСМ и Филипче.

Граѓаните, да бидат спокојни. Се додека премиер е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на власт, плати и пензии ќе има, а банки нема да пропаѓаат.