Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

Во завршна фаза есенската дератизација во Општина Кисела Вода, опфатени над 2.000 шахти

Во завршна фаза е редовната есенска дератизација на територијата на Општина Кисела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во завршна фаза е редовната есенска дератизација на територијата на Општина Кисела Вода, при што досега се опфатени над 2.000 шахти во речиси сите месни и урбани заедници.

Активностите ги спроведува специјализираната компанија „Токсивет“, а за целосно завршување на акцијата останува уште урбаната заедница Бирарија, каде што екипите ќе работат утре.

Со дератизацијата се врши системско уништување на штетните глодари и спречување на нивното размножување, со цел заштита на здравјето на жителите и унапредување на хигиенските услови во општината.

Реклама

Од Општина Кисела Вода информираат дека, согласно програмата на Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина, дератизацијата редовно се спроведува двапати годишно, во пролет и во есен.

Со овие активности, како што посочуваат од Општината, се обезбедува превенција од заразни болести и побезбедна животна средина за граѓаните.