Реклама

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Македонија

Министерството за правда: По 30 години, нов Кривичен законик

– Министерството за правда ги достави нацрт-кривичниот законик и нацрт-законот за кривичната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерството за правда ги достави нацрт-кривичниот законик и нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Како што соопштуваат од Министерството, новиот Кривичен законик се подготвува по три децении, а заедно со новиот Закон за кривичната постапка треба да обезбеди поефикасна борба против криминалот и корупцијата, поправични судски постапки, подобра заштита на жртвите и поголема правна сигурност за граѓаните.

– Суштината на реформата не е само во донесувањето нови закони, туку во нивната примена и резултатите што треба да ги почувствуваат граѓаните. Целта е да се создаде законска рамка што ќе овозможи ефикасни истраги, правични судски постапки, еднаква примена на законот и одговорност без исклучоци – велат од Министерството.

Реклама

Подготовката на новиот Кривичен законик почна во 2019 година, а работната група предводена од академик Владо Камбовски во периодот од 2020 до 2026 година спроведе широки консултации со претставници на правосудството, академската заедница, надлежните институции и граѓанските организации.

Во предложениот текст се вградени 33 релевантни директиви на Европската Унија, а во текот на консултациите беа разгледани повеќе од 50 мислења и предлози.

– Паралелно се работеше и на новиот Закон за кривичната постапка. Експертската работна група предводена од проф. д-р Гордана Лажетиќ, составена од 25 членови, ја заврши подготовката на текстот во октомври 2026 година. Предлогот предвидува усогласување со 25 релевантни европски директиви и стандарди – велат од МП.

Меѓу клучните решенија се унапредувањето на конфискацијата, финансиските истраги, електронските докази, посебните истражни мерки, заштитата на жртвите, како и можностите за одржување рочишта и изведување докази на далечина.

Во подготовката на двата законски текста значајна поддршка обезбедија меѓународните партнери, особено Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Со доставувањето на предлозите до Европската комисија, Министерството за правда продолжува со исполнувањето на обврските од реформската агенда и усогласувањето на домашното законодавство со европското право.

Од Министеррството за правда посочуваат дека реформата на казненото законодавство треба да донесе конкретни промени во функционирањето на правосудниот систем.

– Нејзината вистинска вредност ќе се покаже во поефикасните истраги, поправичните судски постапки, посилната заштита на правата и поголемата правна сигурност за секој граѓанин – велат од таму.