Реклама

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

Македонија

Лефков: Црните сценарија на СДСМ нема да успеат, банкарскиот сектор е стабилен

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, синоќа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, синоќа на една од телевизиите зборуваше за случувањата со Алта банка, како увезена состојба, експресната реакција, како што вели тој, од страна на Народната банка како независно тело надлежно за водење на монетарната политика во државата, а во насока на заштита на целокупниот банкарски сектор, на депозитите и на штедачите, како и за можноста за преземање и промена на сопственоста на „Алта банка“ – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Овде имаме два паралелни процеси коишто се одвиваат. Најпрвин банкарскиот сектор е воден од независно, едно навидум ревизорско тело, тоа е Народната банка и е тело коешто е независно од власта, функционира независно од власта и се грижи за монетарната политика и во изминатите години докажала дека Народната банка си ја врши својата работа онака како што треба да ја работи“, рече Лефков и додаде:

„Вториот аспект е она што се случи, една увезена криза кога станува збор за Алта банка. Овде е важно дали банкарските власти, односно Народната банка, па и еве владата се одзвале, би рекол коректно на кризата, во насока на заштита на депозитите и во насока на заштита на штедачите, и тоа јавноста може да посведочи дека се направи во експресно брз рок, воспоставување на администрација, воспоставување на начин за повлекување на средствата, се работи и на електронска база за тоа да се овозможи и за правните лица.“

Реклама

Лефков ја посочи и политичката димензија на целокупната ситуација, односно како што вели тој, неодговорното однесување на опозициската СДСМ и Филипче, по повод односната тема, а во обид неоправдано да се создаде банкарска паника, притоа неводејќи сметка за стабилноста и реперкусиите од ваквите неодговорни однесувања и изјави врз банкарскиот сектор, со што уште еднаш во јавноста презентирал како не треба да се настапува во вакви ситуации.

„Има уште една димензија, тоа е политичката димензија, едно неодговорно би рекол однесување на опозицијата кај нас, предводена од претседателот на СДСМ, Венко Филипче, којшто неоправдано се обиде да создаде банкарска паника, неводејќи воопшто сметка за тоа дека банкарскиот сектор е една од стратешките, економски гранки во државата. Најави невидена пљачка, најави сомнеж на депозитите на останатите штедачи, практично и покажа на јавноста како не треба да се настапува кога се соочуваме со ваков вид на закани“, кажа Лефков.

Пратеникот Лефков се надоврза и појасни дека најдобро решение за целокупниот банкарски сектор би била промената на сопственоста на Алта банка, како најпосакувано сценарио, односно примарноста истата да не отиде во стечај.

„Посакуваното сценарио е промена на сопственоста без да бидат загрозени депозитите“, истакана Лефков и додаде:

„Премиерот денеска најави дека разговорите вродуваат со плод и најверојатно ќе биде најден купувач. Практично ќе се овозможи оваа администрација, којашто е поставена од управниот одбор на Народна банка да резултира со промена на сопственоста и заштита на банкарскиот сектор во државата“.