Немоќен да се справи со кравите што слободно шетаат по улиците на Крива Паланка, градоначалникот Сашко Митовски како да крена раце. Вака се толкува неговото шокантно барање да се прогласи кризна состојба, па Армијата и полицијата, со хеликоптери и механизација да му помагаат да го стави под котрола стадото непослушни крави, .
Првиот човек на градот не само што се жали на хаосот што го прават кравите низ улиците и земјоделските насади, тој на прес конфренција кажа дека биле исцрпени сите механизми како да се реши проблемот, со што практично призна дека е немоќен да се справи со овој проблем.
-Се уништуваат земјоделски насади, се уништуваат приватни имоти и јавни површини, се загрозува и безбедноста во сообраќајот. Добитокот секојдневно се движи и низ самиот центар на градот. Додека самите институции ги објаснуваат своите надлежности и ограничувања, граѓаните ги бројат своите загуби и штети, изјави Митовски.
Од општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Палнка реагираат дека Митовски се обидува овој реален, но локален проблем на граѓаните да го претвори во политичка тема и одговорноста да ја префрли на Владата и државните институции, покражувајќи дека општината не е способна да се справи со проблемот.
-Само да потсетаме дека овој проблем е децениски, СДС имаше апслолутна Власт во Крива Паланка од 2017 до 2024, имаат градоначалник трет мандат по ред. Ако биле толку загрижени сите овие години ќе најделе начин да го решат проблемот. За разлика од СДС , Владата и надлежните институции во изминатиот период преземаа конкретни активности во рамките на своите законски надлежности и досега се одземени приближно 100 грла говеда, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Крива Паланка.
Барајќи да се прогласи кризната состојба, Митовски истакна дека се неопходни дополнителни стручни, логистички, оперативни и финансиски ресурси, специјализирани возила и соодветен простор за сместување на животните. Од Владата побара да обезбеди заедничка, координирана интервенција, со јасен оперативен план, активности по денови, прецизни задолженија и со точно утврдена одговорност.
Матеја Петровски

