Реклама

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

Македонија

Општина Струмица ќе организира едукативни работилници за превенција од врсничко насилство врз младите

Психолозите од средните училишта во Струмица во соработка со локалната самоуправа и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Психолозите од средните училишта во Струмица во соработка со локалната самоуправа и надлежните институции ќе организираат едукативни работилници за средношколците од сите години во средните училишта. Работилниците ќе бидат насочени кон препознавање и спречување на врсничкото насилство и насилството врз жените, соопштија од Општината.

Оваа иницијатива била покренета на работната средба на градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, со психолозите од средните училишта и директорката на Центарот за социјални работи Струмица, на која се разговарало за потребата од навремена едукација на младите, особено во периодот на адолесценцијата, кога ги воспоставуваат своите први емотивни и партнерски врски.

-Целта е преку интерактивни работилници младите да научат да ги препознаваат облиците на насилство, да ги разбираат сопствените права и лични граници, да градат здрави односи и да се запознаат со механизмите на заштита и институционална поддршка, се наведува во соопштението.

Реклама

Предвидено е да се формира работно тело составено од неколку психолози или семејни терапевти, кои во соработка со Центарот за социјални работи Струмица и Психо-социјалното советувалиште ќе ја подготват програмата и содржините на работилниците. Нивната реализација се планира кон крајот на месец ноември, во рамките на глобалната кампања „16 Дена активизам против насилството врз жените“.

-Младите се крвотокот на секое општество. Тие го одржуваат, движат и обновуваат животот во нашата заедница и наша заедничка обврска е да им обезбедиме услови во кои ќе можат безбедно да растат, да се развиваат и да ја осмислуваат и обликуваат својата иднина. Затоа, мораме да ги научиме како да препознаваат нездрави односи, како да ги поставуваат своите граници и како да се заштитат од насилство. Најважно, да знаат дека секогаш имаат кому да се обратат, се наведува во пренесената изјава на градоначалникот Петар Јанков.

Се додава дека со ова Општина Струмица ја нагласува важноста на превенцијата, едукацијата и меѓуинституционалната соработка во создавање безбедна средина за младите, во која секој ќе може да живее без страв од насилство.