Мала фирма, големи обврски. Најмалите бизниси во државава се соочуваат со сложени сметководствени правила и административни процедури. Од Институтот на сметководители бараат промена на системот – помалите фирми да имаат и помали обврски. Околу 80 проценти од компаниите во Македонија се микро и мали претпријатија и токму тие се во фокусот на ваквата иницијатива.
„Некаде околу 80% имаме мали и микро фирми. Затоа целта е да видиме дали постои правна, економска и стопанска опправданост за реално да им се помогне на овие компании. Сакаме да кажеме дека на сметководителите со намалување на административнит товар ќе им остане повеќе простор за подобри финансиски анализи, подобри советувања и подобрување на процесите во носењето на одлуките.“, изјави Весна Прентоска, претседател на Институтот на сметководители на Македонија.
За најмалите претпријатија се предлага посебен сметководствен стандард, со пократки и поедноставни правила и помал обем на финансиски извештаи. Се предлага и различен степен на проверка на извештаите, во зависност од големината на фирмата. Покрај административото олеснување, пред сметководителите е и предизикот на дигитализацијата. Вештачката интелигенција и новите дигитални алатки отвораат можности за побрзо и поефикасно работење, но нивната примена зависи и од подготвеноста на самите компании.
„Во време на дигитализација, најолем предизвик е вештачката интелигенциа и користењетто на дигиталните алатки. За сметководителите тоа да го искористат, треба компаниите да се спремни да го припремат. Малите компании најчесто користат аутсорс сметководствени услуги и тоа е еден вид на партнерство кое треба заеднички да се гради.“, вели Прентоска.
За да се претворат предлозите во конкретни промени, Институтот на сметководители иницира формиррање заедничка работна група со институциите и бизнис-заедницата. Таа треба да утврди кои обврски се неопходни, а кои можат да се поедностават. Засега станува збор за работна рамка, а конечните решенија допрва треба да се усогласат.

