Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе го одбележи 10 Ноември – Денот на науката, при што ќе им бидат доделени признанија и награди на наставниот кадар и на студентите за особени научни достигнувања, како и традиционалното признание „Научник на годината“.
На свеченоста ќе бидат наградени професори и истражувачи за високо и исклучително научно влијание и продуктивност, како и студенти кои постигнале значајни резултати во научноистражувачката работа.
Од Универзитетот информираат дека и годинава ќе биде доделена наградата „Научник на годината“, која традиционално се врачува како признание за исклучителен придонес во развојот на науката и истражувањето.

