Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва, заедно со градоначалникот на Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, Мехмет Тевфик Гоксу, свечено го пуштија во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост. На настанот присуствуваа и амбасадорот на Турција, Н.Е. Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка, Фатих Шахбаз и почесниот конзул, Ајдован Адемоски, соопшти Град Скопје.

– Постојат места на кои секогаш им се враќаме, затоа што во нив препознаваме дел од себе. За скопјани, такво место е Камениот мост. Во неговиот камен се врежани векови историја. На него се среќавале генерации, започнувале пријателства и се создавале спомени што траат цел живот. Над Вардар, меѓу двата брега, стои нашата заедничка гордост. Вечерва, таа гордост повторно блеска. Новото осветлување ја истакнува убавината на неговите сводови и му дава посебна величественост во срцето на градот Уште една причина да застанеме, да погледнеме и да си кажеме, колку убаво Скопје имаме. Токму таа убавина сме должни да ја чуваме. Со посветеност, со одговорност и со конкретни дела. Секое обновено обележје е почит кон оние што ни го оставиле и влог за оние што доаѓаат по нас – изјави Ѓорѓиевски. 

Овој проект произлезе од Протоколот за пријателство и соработка меѓу Град Скопје и Општина Есенлер. 

Реклама

– Од договорена соработка до светлина што вечерва ја гледаме сите – така се гради пријателство што остава трага. Камениот мост опстојувал со векови. Нашата задача е да се погрижиме и генерациите по нас да го гледаат со истата љубов и гордост. За Скопје што го носиме во срцето. За Скопје што им го оставаме на нашите деца. Работиме, обновуваме и оставаме дела – рече Ѓорѓиевски. 

Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази голема благодарност на Општина Есенлер и на Мехмет Тевфик Гоксу, на Халк Банка и Фатих Шахбаз, како и на Ајдован Адемоски, за поддршката и придонесот и нагласи дека со заедничката реализација на овој проект се испишува уште една убава страница во пријателството меѓу Македонија и Турција, стои во соопштението.