Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Милошоски: Врховниот суд е битен актер во владеење на правото, но има поединци во судството кои ги рушат постигнатите стандарди

Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Дневникот на една од телевизиите се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Дневникот на една од телевизиите се осврна на состојбата со правосудниот систем во земјава, а го посочи Врховниот суд како битен актер како и случаите кои се од висок јавен интерес – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Не може правосудството да биде оценувано само преку законите што ги носи Собранието. Тука улога има и Владата и Собранието и Јавното обвинителство и судиите. Еден систем на поврзани садови. По однос на Собранието, сметам дека имаме донесено прилично добри закони, коишто ги подобруваат состојбите во правосудството. Владата исто гледам дека вложува напори на тоа поле. Но, би сакал да напоменам дека има некои актери, можеби се поединци во судството, коишто ги рушат овие постигнати стандарди – рече Милошоски.

Тој го наведе Врховниот суд како битен актер, за што истакна дека можеби треба да се преиспита начинот на кој одредени судии судат.

Реклама

„Имате  два случаи од висок јавен интерес, како случајот „Ласкарци“ и „Дурмо турс“, вториот случај е за „Модуларна болница“. Во овие два случаи и извршната власт, и МВР, и обвинителството и многу други чинители вложиле многу труд да обезбедат докази затоа што се сериозни пропусти со трагичен настан и на крајот за Врховниот суд којшто е управуван од претседателот Фидани одлучува овие случаи да ги укине овие пресуди и да ги врати на Апелација на повторно судење, односно на основен суд. Затоа, според мене, освен одговорноста на еден пратеник, на еден министер, премиер или градоначалник за правосудните состојби треба јавноста да побара одговорност и од одредени судии. Ако можат премиерот, министерот Тошковски, министерот Шасивари да даваат одговори, транспарентно, за состојбата во правосудството пред јавноста, тогаш може и претседателот на Врховниот суд да даде одговори за тоа дали владеењето на правото е начелниот принцип по којшто работи.

„Ние како Собрание сме донеле многу закони  и за Судски совет и за јавнообвинителска служба и за судска служба коишто се на барање и во полза и на судството и на обвинителство. Но ние како Собрание, не можеме да бидеме судии и кај предметите од висок јавен интерес некои судии треба да преиспитаат дали судат според закон или судат според некаква материјална, лична или политичка блискост кон некоја странка, вели Милошоски.