Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Димитриевски: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки кон Бугарија без реципроцитет 

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека ЗНАМ нема да отстапи од ставот дека правосудниот испит се полага само на македонски јазик, ниту ќе прифати Македонија повторно да прави отстапки во однос на уставните измени. За овие прашања нема политички пазарења, нема импровизации и нема отстапување од државните интереси, наведува ЗНАМ. 

Во однос на правосудниот испит, Димитриевски беше дециден за црвените линии на ЗНАМ, бидејќи станува збор за прашање што ги надминува дневнополитичките интереси и директно го засега функционирањето на правосудниот систем и уставниот поредок на државата.

– Премиерот апсолутно го знае нашиот став. Подготвени сме за разговори, но ќе побарам лидерска средба со владините партнери за отворено да ги дефинираме црвените линии. Ова не е прашање за дневнополитичко надмудрување, туку прашање за иднината на државата и правосудниот систем. За ЗНАМ тука нема простор за импровизации и политички пазарења. Правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик, истакна Димитриевски во гостувањето на една од националните телевизии.

Реклама

Говорејќи за уставните измени и европската интеграција, тој нагласи дека ЗНАМ не отстапува од својот предлог за одложено дејство на уставните амандмани и дека Македонија не може постојано да прави отстапки без реципроцитет. Европската перспектива не смее да биде оправдување за еднострани отстапки на сметка на македонскиот јазик, идентитет и достоинство.

– Ставот на ЗНАМ е јасен. Предлогот за одложено дејство на уставните амандмани е на маса, но не може Македонија постојано да прави отстапки, а од другата страна да нема ниту еден чекор кон почитување на правата на Македонците. Постојат пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Нека испочитуваат барем една од нив. Доста е Македонија да биде единствената страна од која постојано се бара да попушта. Ако сакаме да одиме напред, мора да има реципроцитет, порача Димитриевски.

Додаде дека Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија останува доследно на своите принципи и на одговорноста кон граѓаните и државата.

– Нашата европска иднина не смее да се гради врз уцени, двојни стандарди и постојано поместување на црвените линии. Македонија сака да биде дел од Европската Унија, но како достоинствена држава, со заштитен македонски јазик, идентитет и уставен поредок. За ЗНАМ, државните интереси не се предмет на компромис, туку обврска што мора да се брани, рече лидерот на ЗНАМ.