Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Педијатрите повикаа на подигнување на свеста за препознавањето симптоми на алергија на храна и навремена реакција

Да се подигне свеста за препознавањето симптоми на алергија на храна, која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да се подигне свеста за препознавањето симптоми на алергија на храна, која не е само чешање и осип, туку може да заврши со смртни последици, беше една од пораките упатени пред почетокот на Ноемвриската средба посветена на алергијата на храна и анафилаксата во педијатриската практика, што денеска ја организираше Педијатриското респираторно здружение „Педиарес“, во соработка со Европската академија за алергија и клиничка имунологија. 

Професор доктор Татјана Јаќовска од Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ изјави дека таква сериозна реакција на алергија на храна може да се појави кога се јадат кикирики, киви, лешници, бадеми или јајца. Според неа, за да не дојде до анафилакса неопходно е да се поседува адреналинска автоинјекција, наречена – ЕпиПен, која треба веднаш да се вбризга со боцкање кога ќе се појави оток, тежина, неможност да се дише, гушење или паѓање во бесознание.

Таа укажа на потребата од кампања за анафилакса со цел да се намалат сериозните реакции на алергијата на храна, но и на инсекти и слично.

Реклама

Примариус супспецијалист доктор Мирјана Поповска од Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ нагласи дека кога се зборува за алергија на храна во детска возраст најважно е рано откривање и препознавање на алергијата кај едно дете. Поповска потенцираше дека сите случаи не завршуваат со анафилакса.

– Дел од децата и до тригодишна возраст ја надминуваат алергијата со храна – рече таа и појасни дека има и алергии кои човекот ги има цел живот.

Ако реакцијата кај едно дете е тешка и животозагрозувачка, посочи таа, тоа е веќе анафилактичен шок, што го загрозува детското здравје.

Таа рече дека според експерти, кои се занимаваат со алергија на храна во детска возраст, препораките се дека треба да има еден унифициран протокол за сите земји во Европа – како да се постапува со децата кога ќе имаат каква било реакција на храна во предучилишните и во училишните установи.

– Анафилактичниот шок треба да се препознае, затоа што е животозагрозувачка состојба кај едно дете. Може да биде и со смртни последици – ако не се даде брза и навремена адекватна терапија, а тоа е адреналинскиот автоинјектор – односно ЕпиПен пенкалцето, што треба секогаш едно дете, кое има алергија на храна, да го поседува или пак да го поседува училиштето или предучилишната установа каде што престојува детето – додаде Поповска.

За да се аплицира автоинјекторот, европските федерации се заложуваат за правилна примена и обука за автоинјектирање.

– Не се очекува дека детето при анафилакса самото ќе си стави и да има автоинјектор во ранчето. Значи, треба да има правилна обука на персоналот за да го спаси детето од таа анафилактична состојба. Исто така, треба обука на целиот персонал во училиштето и во предучилишните установи – кога, како да повикаат итна медицинска помош. За дете кое веќе има пријавено алергија на храна, училиштето треба да има писмен протокол како ќе постапува со тоа дете. Тоа значи да препознае кога детето има лесна реакција, кога има тешка реакција, кога има анафилакса – рече Поповска.

Според неа, персоналот треба да препознае и да примени прва заштита и да го спаси детскиот живот, ако се работи за анафилактичен шок.

– За моите пациенти, како лекар јас пишувам ЕпиПен пенкалце, бидејќи се занимавам со алергологија како педијатар-пулмолог и велам да одат да купуваат во соседните земји, бидејќи само таму ги има – одговори Поповска одговарајќи на новинарско прашање.

Додаде дека тоа чини околу 6.000 денари и има краток рок.

Одговарајќи на новинарско прашање за состојбата со грип и со малите сипаници со оглед на тоа дека имунизацијата е ниска и какви се компликациите во комбинација на грип и морбили, Јаќовска рече дека денеска биле добиени насоки во третманот со морбилите или како ќе се постапува.

– Мораме да одиме по тие патеки, протоколи, што Министерството за здравство го наложува. Во моментов, нема такво нешто во болницата. Сè уште е рано, грипот почнува во декември, така што сега има обични инфекции – одговори Јаќовска на новинарското прашање.