Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Промовирани девет нови доктори на науки на Митровденски средби на доктори на науки во Штип

Со промоција на девет нови доктори на науки од Штип денеска во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со промоција на девет нови доктори на науки од Штип денеска во просториите на НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип се одржа 25. јубилејно издание на традиционалната манифестација Митровденски средби на доктори на науки.

Манифестацијата е во рамки на програмата за одбележување на Денот на ослободувањето на Штип. Шестмина доктори на науки се од областа на медицинските, фармацевтските и стоматолошките науки, а двајца се од областа на правото.

Овој јубилеј ја потврди континуираната посветеност на библиотеката и академската заедница кон афирмацијата на науката, знаењето и научноистражувачкиот труд. Љубица Прошева Пеливанова, Дијана Мицева, Гоце Коцевски, Паулина Апостолова, Љупка Арсовски, Ана Панева, Дино Карпичаров, Васко Демјански и Ана Марија Тасева-Василева се новите доктори на науки, родени во Штип.

Реклама

Штипскиот градочалник Иван Јорданов потенцираше дека ваквите научни достигнувања се потврда за Штип како центар на образованието истакнувајќи дека ретко кој град може да се пофали со толкав број доктори на науки и вакви академски успеси. 

– Симболичен е денот 8 ноември, Денот на ослободување на градот Штип, има голема симболика со промоцијата на докторите на науки на овој ден, во пресрет на овогодишниот 8 ноември, затоа што ако борбата на нашите предци била за слобода, денешната борба е борба преку образованието да создадеме една подобра иднина за нашите генерации, поразвиен град, општество, држава. Јас верувам дека ова е начинот преку којшто ќе можеме да го олесниме начинот на живот и да го подобриме квалитетот на живот на денешните и на идните генерации. Затоа кога честопати велиме дека Штип е центар на образованието, мислеме на ова, ретко кој град може да се пофали со ваков број и со вакви достигнувања – рече Јорданов.

Љупка Арсовски, доктор по стоматолошки науки се надева на уште поголеми успеси и заеднички достигнувања. 

– Ова значи едно од најголемите животни достигнувања и сум многу благодарна за ова признание кое денес го добивам, посебно на овој ден, којшто е ден на нашиот град. Се надевам дека ова ќе биде поттик за сите следни научни трудови, уште поголеми успеси и заеднички достигнувања – рече Арсовски.

Општина Штип годинава три дена ќе го одбележува Денот на ослободувањето, со низа настани, вечерва е и традиционалната „Ноќна трка“, а утре ќе се одржи свечената седница на Советот на општина Штип, на којашто ќе се доделат признанијата и наградите 8 Ноември.