Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

МОН: Нов модел на студентско стипендирање, 3000 стипендии, повеќе можности и поддршка за студентите  

Министерството за образование и наука објави нов Конкурс за доделување 3000 студентски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука објави нов Конкурс за доделување 3000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година, со кој се воведува значајно унапредување на досегашниот модел на студентско стипендирање. МОН соопшти дека со новиот модел поинаков е пристапот во распределбата на државната поддршка.

– Пристапот истовремено ја препознава социјалната ранливост, го вреднува академскиот успех и го поттикнува образованието на кадар во области од стратешко значење за државата. Во рамки на категоријата на 1.200 стипендии за социјална поддршка, првпат се воведуваат посебни стипендии за студенти со попреченост и студенти со ретки болести, со по 50 стипендии за секоја од овие категории. Министерството со ова прави значаен чекор кон поинклузивно образование и создавање еднакви можности за студентите препознавајќи ги нивните специфични потреби и поддржувајќи го нивното право на образование и академски развој. Истовремено, се воведува нова категорија од 1.050 стратешки стипендии, наменети за студенти кои се образуваат во области од особено значење за идниот развој на државата. Изборот на студиските програми е утврден со Одлука бр. 1410-183 од 3 ноември 2026 година на Националниот совет за високо образование и научноистражувачка дејност, со која се определени студиските програми од стратешки интерес за државата. Станува збор за студиските програми по математика, физика, хемија, земјоделство, шумарство, наставна биологија и рударство. Целта е да се поттикнат младите да се определуваат за овие области и да се создава стручен кадар што ќе одговори на потребите на општеството и економијата, информира МОН. 

Дополнително, се воведуваат и 750 стипендии за студенти што постигнуваат висок академски успех, односно имаат просечен успех од најмалку 8,50 и континуирано ги исполнуваат академските обврски.

Реклама

– На овој начин Министерството дополнително ги вреднува знаењето, посветеноста и трудот на студентите што постигнуваат особени резултати во текот на студирањето. Важна одлика на новиот модел е тоа што, и покрај воведувањето нови категории и поинаква распределба на средствата, вкупниот број стипендии останува непроменет – 3.000. Промената не е во намалување на поддршката, туку во нејзино подобро насочување и пошироко препознавање на потребите и потенцијалите на студентите, наведува МОН во соопштението. 

За стратешките стипендии месечниот износ е 18.000 денари, а за социјалните стипендии и стипендиите за висок академски успех 6.050 денари. Стипендиите се исплаќаат во текот на девет месеци од студиската година.

Пријавувањето е исклучиво електронско, преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, во периодот од 6 до 20 ноември 2026 година.

Министерството за образование и наука нагласува дека со овој конкурс поставува основа за посовремен и понасочен систем на студентско стипендирање, којшто им дава поддршка на оние на кои им е најпотребна, ги препознава и наградува академските достигнувања и инвестира во знаењата и компетенциите што ќе бидат важни за иднината на државата.

МОН известува дека во тек е и пријавувањето на Конкурсот за доделување 15 стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик за студиската 2026/2027 година, распишан во согласност со Законот за употребата на македонскиот јазик.

Повеќе информации за овој конкурс се достапни на линкот: https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/stipendii-mon/stipendii-za-studii-po-makedonski-jazik-prv-ciklus

Исто така, во тек е и пријавувањето на Конкурсот за поврат на средства за купен музички инструмент за учебната/академската 2026/2027 година.