Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Јаневска: ЕУ констатира дека добро напредуваме во образованието и науката; продолжуваме со зацртаните реформи

Пред две и пол години реков дека треба да го запреме слободниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред две и пол години реков дека треба да го запреме слободниот пад на образованието, затоа што тоа беше реална ситуација. Тоа го направивме. Образованието е еден од столбовите на државата и затоа е значаен напредокот што го бележи и Европската комисија, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на Панел-дискусијата „Извештајот на Европската комисија за 2026 – напредок и реформи“ што денеска се одржа во Владата. 

Извештајот ги бележи конкретните резултати од спроведувањето на реформите и позитивните развојни трендови во повеќе области на образованието. Особено се издвојуваат зајакнувањето на регулативата и стратешката рамка, проширувањето на мрежата на регионални центри за стручно образование и обука, зголеменото учество на учениците во стручното образование, проширувањето на соработката со компаниите, развојот на системот за валидација, унапредувањето на инклузивното образование и дигитализацијата на образовниот процес.

„Ги донесовме потребните документи за да овозможиме имплементација на законските решенија кои обезбедуваат напредок. Ќе почнам од Стратегијата за образование 2026 – 2032 како и Стратегијата и Акцискиот план за смарт специјализација, кои се од исклучително значење за развој на економијата. И, што е важно, многу забрзано ги исполнуваме чекорите. Од новиот Акциски план имаме остварено над 75 отсто од она што сме го предвиделе. Многу е значаен и Законот за образование на возрасни. Изградивме систем за доживотно учење на возрасни кој на земјата ѝ е неопходен и Центарот за образование на возрасни веќе почнува да функционира оптимално. Она што сме го имале како визија, се покажува дека е функционално“, посочи министерката Јаневска.

Реклама

Евидентиран е и големиот успех што го постигнуваме во средното стручно образование, во однос на опфатот на учениците, развојот на регионалните центри и соработката со работодавачите. Јаневска појасни дека над 70% од учениците во средното образование се запишуваат во стручно образование, а од нив една третина во дуални паралелки, во кои, наставата во училиште се комбинира со практично образование кај работодавач.

„Важно е што постојано расте бројот на компаниите што се придружуваат и сега имаме вклучени над 1000 компании. Функционални се 8 регионални центри за стручно образование и овде имаме надополнување на бројката во однос на она што е констатирано во Извештајот.“

Во однос на напредокот кај инклузијата, Јаневска рече дека има над 1.600 образовни асистенти во основното образование и за првпат, околу 200 асистенти за деца со посебни образовни потреби во средното образование. Бројот на ромските медијатори постојано се зголемува. Има напуштање на училиштето, но помалку во споредба со претходните години, затоа што континуирано се работи со децата и со родителите, рече Јаневска.

Дигитализирани се многу услуги, училиштата се опремуваат со информатичка и мрежна опрема. 

„Не  ја запоставуваме ни вештачката интелигенција. Повеќе од 700 наставници веќе поминаа обука за да можат да ја користат во училиштата, а веќе следниот месец нова група наставници ќе оди на обука за да постигнеме квантум на наставници кои ќе можат да го шират знаењето и да се направи мрежа за употреба на вештачка интелигенција“, додаде министерката. 

Добар прогрес забележува Европската комисија во делот на науката, посебно со основањето и ставањето во функција на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво ИНОВА, но и со продолжувањето на учеството во европски програми за наука и иновации, како COST. 

Јаневска наведе дека во наредниот период е многу важно да се донесат трите закони – за високото образование, за научно-истражувачка работа и за квалитет во високото образование, со што преку акредитацијата ќе може да им се помогне на универзитетите и факултетите да направат соодветни измени во студиските програми, за целосно усогласување со ЕУ.   

Во панел-дискусија посветена на Извештајот на Европската комисија за 2026 година, покрај министерката за образование и наука Весна Јаневска учествува и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заменик министерот за правда Ален Деребан и заменик амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје Бен Нупнау.