Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Општина Валандово го доби новото амбулантно возило преку проектот “Heart Safe CBA”

Ново амбулантно возило комплетно опремено за итни интервенции денеска доби Здравствениот дом…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ново амбулантно возило комплетно опремено за итни интервенции денеска доби Здравствениот дом во Валандово, како донација преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Донацијата е во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка со Република Грција и проектот „Кон прекугранична област, безбедна за срцето – Heart Safe CBA“. 

Вакви три возила ќе бидат набавени и за општините Струмица, Радовиш и Гевгелија, истакна на примопредавањето директорот на Центарот Јован Коцев.

– Кога  зборуваме за итна медицинска помош секоја секунда е важна и навремената реакција може да спаси живот. Вкупната реализација на овој проект е околу 1 200 000 евра од кои за активности на центарот се предидени околу 500 000 евра. Со набавката на ова амбулантно возило ќе се подобрат условите за медицинските екипи и ќе има подобар пристап во итните интервенции. Ќе продолжиме со реализација на проекти каде придобивки ќе имаат општините и граѓаните од целиот Југоисток – посочи Коцев.

Реклама

Возилото е комплетно опремено, а неговата намена ќе биде важна не само за жителите на Валандово, туку и за транзитните туристи со оглед на тоа што Општината заедно со другите поголеми општини го покрива и Дојран во текот на сезоната, рече градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев. 

– Пред неполни две години го започнавме заеднички овој проект кој навистина е од големо значење за итните медицински екипи во четирите општини Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш. Денес добиваме едно супермодерно возило и сметам дека многу ќе биде олеснета работата на медицинските екипи на Итната медицинска помош – рече Камчев.
Во рамки на проектот се одржаа и еднодневни обуки за четирите општини, наменети за Итната помош и Ургентните оддели. Преку курсот се добиваат основни познавања и вештини за згрижување на критичен пациент. Проектот се реализира во рамките на “Интерегг ИПА Програма за прекугранична соработка” помеѓу соседна Грција и Македонија за период од 2021-2027, кофинансирана од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички, а ќе биде во времетраење од 24 месеци, со вкупен буџет од 1.217.146 евра.