Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Јаневска: Во тек се преговори со студентите за нов систем на субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука е во активни преговори со студентите со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука е во активни преговори со студентите со цел воведување нов систем за правилно и посоодветно користење на субвенцијата за здрав студентски оброк, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање во рамки на денешната панел-дискусија „Извештајот на Европската комисија за 2026 – напредок и реформи“ во Владата, појасни дека разговорите се водат бидејќи извештаите во соработка со странски партнери покажуваат дека средствата за оброкот не се целосно искористени во правец на здрава исхрана на студентите.

– Ние во моментов разговараме со студентите. Во 2023 е зголемен студентскиот оброк, и  бидејќи во 2024 доаѓа да управува со државата оваа власт, ние ги почнуваме разговорите со студентите и бараме решенија за 2025. Сме постигнале заедничко решение и согласност и сме го прошириле опсегот на нивното барање. До моментот до овие најави во сила бил тој договор. Оттука, сега почнавме преговори со студентите, она што мислам дека е најзначајно е ние да се усогласиме, а длабоко сум убедена дека како и претходниот пат, така и овој пат ќе најдеме соодветно решение – изјави Јаневска.

Реклама

Јаневска исто така потсети дека и премиерот Христијан Мицкоски лично се заинтересирал и имале средба со студентите.

– Ги чекаме нивните одговори и продолжуваме со цел да го смениме системот за правилно користење на субвенцијата, за користење на субвенцијата на здрав студентски оброк, бидејќи одредени извештаи кои ги имаме и во соработка со странски партнери потврдуваат дека наменетата субвенција за оброкот не е целосно спроведена, односно дека дел од студентите не го користат тоа правилно во правец на нивна здрава исхрана – изјави Јаневска.

Јаневска рече дека Иницијативата за промени потекнува и од студентските здруженија и претставници кои побарале решенија слични на системот што се применува во Словенија.

– Да, ние ќе се обидеме во најдобри можни услови, оти не сме Словенија, да го направиме тоа така како да им соодветствува и почнуваме со подготовки за да го воведеме тој нов систем кој е на нивно барање. Но и ние сметаме дека ќе биде добар за посоодветно искористување на средствата – изјави Јаневска.