Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

Кривична пријава за пет лица од Куманово поради изнуда и перење пари, претреси на шест локации

МВР поднесе кривична пријава за пет лица за кривични дела „изнуда“ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

МВР поднесе кривична пријава за пет лица за кривични дела „изнуда“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“. Полицијата уапси четири лица. Вчера, како што наведува полицијата, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција во која е сузбиена петчлена организирана криминална група од Куманово.

Во акцијата биле лишени од слобода четири лица: Д.П. (37), Л.К. (73), М.К. (27) и Д.Ж. (43), сите од Куманово, додека петтиот осомничен, З.Р. (35), е недостапен за органите на прогонот.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР денеска до ОЈО за ГОКК поднел кривична пријава против сите пет лица за кривичните дела „изнуда“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“. Вчера биле извршени  претреси на шест локации на подрачјето на Куманово.

Реклама

При претресите се пронајдени и одземени меѓусебни договори за заем со нереално високи камати, договори за солемнизација на недвижен имот, поголема сума финансиски средства, патнички моторни возила, мобилни телефони и други електронски уреди.

-Според досега обезбедените сознанија, од 2021 година осомничениот Д.П. формирал група со цел вршење кривични дела. Во еден од случаите, со намера да прибави противправна имотна корист, Д.П., заедно со З.Р., принудувал оштетено лице да преземе дејствија на штета на својот имот. Имено, во текот на 2023 година, оштетеното лице побарало заем во износ од 4.000 евра од Д.П. Со усмен договор било утврдено дека заемот ќе го врати во рок од еден месец, со камата од 2.500 евра. Иако, бил вратен договорениот износ во целост, Д.П. побарал од оштетеното лице да ја користи својата банкарска сметка за фиктивни уплати и повлекувања на парични средства, по што започнал да упатува закани и барал патничко моторно возило да биде ставено како наводен залог за идни фиктивни долгови, кои требало да послужат како покритие за трансферите на парични средства преку сметката – соопшти полицијата.

Како што наведуваат од МВР, според сомневањата по налог на Д.П., кај адвокат од Куманово бил изготвен фиктивен договор за купопродажба на возилото, при што бил фалсификуван потписот на оштетеното лице како заемопримач.

-Потоа, во истата адвокатска канцеларија бил изготвен и фиктивен договор за заем на парични средства во износ од 1.000.000 денари, кој исто така бил заверен во истата нотарска канцеларија. Фиктивниот договор за купопродажба бил употребен како вистински документ, врз основа на што била извршена промена на сопственоста на возилото на име на З.Р. и била издадена нова регистарска ознака. Во однос на наводниот долг од 1.000.000 денари, врз основа на лажната исправа била поведена постапка за извршување, по што на оштетената ѝ била блокирана банкарската сметка – информира полицијата. 

Во друг случај, друго оштетено лице во два наврати позајмил парични средства од Д.П. во износ од 180.000 денари. За заемите биле склучени два договора за заем со Л.К. и Д.П.. Иако оштетениот ги вратил позајмените средства на Д.П., тој побарал дополнително да му биде исплатена камата.