Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

Извештајот на ЕК за 2026 нотира напредок во клучните реформи, потврдува дека земјата располага со добра основа за забрзување на пристапниот процес

Македонија остварила видлив напредок во повеќе области опфатени со Извештајот на Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија остварила видлив напредок во повеќе области опфатени со Извештајот на Европската комисија, особено во надворешната и безбедносната политика, образованието, науката и дел од реформските процеси, оценија учесниците на панел-дискусијата „Извештајот на Европската комисија за 2026 – напредок и реформи“ во Владата, истовремено порачувајќи дека претстои интензивна работа, пред сè во владеењето на правото, борбата против корупцијата и спроведувањето на реформската агенда поврзана со евроинтегративниот процес.

На панел-дискусијата беше нагласено дека стратешката определба на државата за членство во Европската Унија останува силно препознаена од европските институции, а како особено значајни беа посочени усогласеноста со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, активната улога во меѓународните организации и продлабочувањето на соработката со Унијата во сферата на безбедноста и одбраната.

Заедничка порака од учесниците беше дека Извештајот на Европската комисија е охрабрувачки и потврдува дека земјата располага со добра основа за забрзување на пристапниот процес. Притоа беше истакнато дека успехот во наредниот период ќе зависи од ефикасното спроведување на реформите, обезбедувањето широк политички консензус за клучните европски закони и одржувањето на партнерскиот однос со европските институции, со цел државава да го искористи постојниот степен на подготвеност и побрзо да напредува кон членство во Европската Унија.

Реклама

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во однос на констатацијата во Извештајот за активниот политички дијалог што го водиме со ЕУ, посочи дека Македонија е прва земја од регионот што го потпиша Партнерството за безбедност и одбрана, што е еден од клучните фактори за вака високата оценка, како и нашето работење во рамки на мултилатералните организации и нашата поддршка на клучни надворешно-политички приоритети на ЕУ.

– Моето очекување е дека во оваа област следната година повторно ќе бидеме меѓу највисоко оценетите … Во една поопшта слика, пред нас секако следат и предизвици по многу области и останува многу значајна таа комуникација со европските институции и со земјите членки. Сметам дека е многу значен заклучокот во делот не само на процесот на подготовка, туку и процесот на нивното усвојување понатаму во Собранието, бидејќи доколку на мнозинството политички чинители во државата реториката им се базира дека сме за европската иднина на државата, тогаш кога ќе дојде моментот на усвојување на релевантните закони во Собранието, тие да не бидат блокирани и да не се разводнуваат со амандмани на содржина што претходно е усогласена со највисоките институции, како Советот на Европа и Венецијанската комисија – рече Муцунски.

Според него, ниту еден Извештај до полноправно членство нема да биде идеален, но насоките ни кажуваат што можеме подобро да направиме. Тој смета дека и во делот на областите кои се највисоко оценети има работи што можеме уште подобро да ги правиме.

– Законот за скрининг на странски вложувања во овој извештај е нотиран како нешто што треба да се направи. Во октомври годинава тој закон се донесе во рамки на Собранието и претпоставувам дека ќе биде позитивно нотиран во следниот извештај – додаде Муцунски.

Тој, исто така, нагласи дека е клучно што се цени стратешката определба на државата, нагласувајќи дека имаме јасни позиции во сите релевантни меѓународни организации и сме еден од клучните фактори за стабилност и партнери на ЕУ и нејзините институции во еден регион каде што има свои комплексности.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, оцени дека позитивната оценка во Извештајот е тоа што во овие две и пол години е спречен „слободниот пад на образованието“, како и дека е направен и одреден напредок.

– Ги донесовме потребните документи и легислативата. Од Стратегијата за образование 2026-2032, потоа Стратегијата и Акцискиот план за смарт специјализацијата, кој е од исклучително значење за развој на економијата во државата. Брзо ги исполнуваме чекорите и во овој момент од новиот едногодишен акциски план имаме остварено над 75 проценти од предвидените активности. Многу е значаен и Законот за образование на возрасни. Изградивме систем за доживотно учење на возрасни, кој особено недостигаше. Особен успех имаме и во Средното стручно образование што повеќе години се надоградува, каде околу 70 проценти од младите се запишуваат во стручни училишта и од нив голем дел во дуални паралелки, што е од особено значење за економијата – нагласи Јаневска.

Како голем успех, Јаневска го посочи и формирањето на агенцијата НОВА за технолошки развој, иновации и претприемништво, која веќе почна да функционира како врска меѓу стопанството, бизнис заедницата и образованието.

– Буџетот за образование е зголемен. Буџетот за наука исто така е зголемен и мислам дека сите овие елементи придонесуваат – изјави Јаневска.

Како важно за нашата земја да се исполни во следниот период, Јаневска го посочи носењето на трите закони за високо образование и научно-истражувачки работи и за квалитет во високото образование.

Заменик министерот за правда Ален Дереван, во однос на законските измени како особено важни ги посочи донесувањето на Законот за Судскиот совет и Законот за Советот на јавни обвинители, како и законот за судска служба и јавно-обвинителска служба кои во голема мера ја зголемуваат независноста, што оцени дека ќе се види во периодот што следува и во практичната примена.

– Оваа Влада воспостави многу поздрава и подобра институционална и законска рамка и е основа за понатамошниот напредок во делот на правосудството – изјави Дереван.

Последниот Кривичен законик, рече Дереван, е донесен 1996 година и е менуван над 40 пати, меѓу кои и „скандалозните измени од 2023 година, кои го урнисаа правосудниот систем“.

– Новиот Кривичен законик оди во пакет со Законот за кривична постапка и тие се дел од Реформската агенда. Тие се во финална фаза, ги изработуваме кореспондентните табели и очекувам до крајот на месецот или следниот да бидат испратени на мислење до Европската комисија. Тоа е сериозен и значаен реформски чекор во делот на правосудството и донесувањето на овие закони ќе значи и поефикасна правда, како и откривање на сторители на кривични дела, процесуирање на постапки, изведување на докази и во однос на санкционирање на кривични дела – изјави Дереван.

Тој додаде дека во завршна фаза е и Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, за кој, како што рече, очекува поддршка и од опозицијата во Собранието, со што ќе може да се надополни недостигот на судии и јавни обвинители.

– Во моментов, во соработка со Министерството за финансии, на барање на Судскиот буџетски совет, е одобрување  согласности за нови вработувања во судовите на целата територија на Македонија. Ќе се обезбедат согласности за вкупно 200 вработувања, кои ќе можат судовите да ги реализираат во една независна и транспарентна постапка – изјави Дереван.

Заменик-амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Бен Нупнау, појасни дека Извештајот се однесува за периодот од 1 септември 2025 до 31 август 2026 и опфаќа шест кластери и 33 поглавја релевантни за процесот на проширување.

– Северна Македонија е меѓу државите со најголема подготвеност воопшто во смисла на усогласеност со европското законодавство и динамиката на напредокот на приближување во последниве години се забави, меѓутоа оваа година е остварен одреден напредок. Извештајот особено посочува дека има добар степен на подготвеност во надворешната и безбедносната политика, како и во областа на образованието и науката. Дигиталната трансформација е една од областите со добар степен на подготвеност и имаме извесно до умерено ниво во сферата на владеење на правото, што е од суштинска важност за почеток на преговорите за проширување – изјави Нупнау.

Тој, исто така, посочи дека се очекува Реформската агенда да се спроведува со повисоко темпо и следната година да биде дури и подобра.

– Важно е да се нагласи дека земјата, со оглед на добрата подготвеност, со тоа што фаќа чекор со процесот на преговарање, се уште е можно да се вклучи и уверени сме дека ќе можеме да оствариме многу брз напредок во различните кластери, почнувајќи од владеење на правото, откако условите за отворање на преговорите и кластерот 1 ќе се остварат. За многу краток рок очекуваме повеќе напори во борбата против корупцијата, усвојување на Кривичниот законик и сакаме да видиме подобрени резултати од корупциски случаи на високо ниво, Исто така, и распределба на соодветни човечки и финансиски средства за судството и јавното обвинителство, како и обука на нови судии и јавни обвинители преку Академијата за судии и јавни обвинители – изјави Нупнау.

Во однос на образованието, Нупнау посочи дека Извештајот нагласува препораки за следната година во смисла на подобрување на пристап до квалитетно образование за сите, особено за децата со посебни образовни потреби и за одредени популации, како што се ромските заедници.

– Се на се би рекол дека е охрабрувачки, видовме напредок. Знаеме дека има висок степен на подготвеност, се надеваме дека со натамошно вклучување на сите партнери во Европа и регионот ќе можеме да направиме значителен решителен напредок во смисла на проширувањето – порача Нупнау.