Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

Петрушевски: Го повикуваме ЈО да реагира за ширењето на паника од страна на функционери на СДСМ за Алта банка

Челниците на СДСM веќе ја преминаа границата. Единствено што прават изминативе две…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Челниците на СДСM веќе ја преминаа границата. Единствено што прават изминативе две години е ширење на паника меѓу граѓаните, обид за создавање на недоверба кон институциите, како и хистерија и хаос во општеството, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Да ја потсетиме јавноста дека поради внатрешни проблеми во партијата, Филипче ги лаже граѓаните и пробува да создава перцепција во јавноста дека работата не оди на добро.

Така, пред година дена, велеа ќе дојдат мигранти во државата по договорот со Обединетито Кралство и тоа за пари. Тоа не се случи.

Реклама

Велеа дека ИПАРД програмата е суспендирана во Македонија, а дека парите земјоделците нема да ги добијат. Поминаа по тоа два месеци ИПАРД програмата продолжи да функционира, а земјоделците си ги добија финансиските средства.

Лажеа за извештајот на Томас Вајц, дека бил лош дека немал напредок, за потоа човекот на национална телевизија јасно да ги демантира СДСM и Филипче.

Лажеа дека пензиите нема да бидат исплатени на пензионерите. Поминаа месеци, пензионерите имаат над 7.500 денари повисоки пензии за само 2 години, пензискиот фонд е стабилен, и нема никаква дилема дека ќе продолжат и натаму да се исплаќаат пензиите.

Ширеа хистерија за Унгарскиот кредит, со кој општините добиваа пари за нови училишта, градинки, болници, патишта, а компаниите меки кредити за своите бизниси. ДЗР пред некое време, јасно излезе и констатираше дека нема никаква малверзација со овој кредит, а унгарски функционери јасно признаа дека сме добиле кредит по ултра поволни услови.

И уште многу попратни работи за кои ќе ни треба цел ден да ги елаборираме за тоа како без срам и образ Филипче и СДСM лажеа, па откако беа демантирани, не се извинија ниту пак имаат некаква одговорност.

Затоа, ваквиот однос на функционери на СДСM е казнив според КЗ член 315, наречен саботажа, кој предвидува најмалку 3 години затвор за оној кој свесно предизвикува штета на правно лице.

Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас и да реагира.