СДСM е партија која нема што да понуди. СДСM е типичен пример за партија која доживеа дебакл и е пример за кадровска неподготвеност, фабрика за лаги и шпекулации. Фијаското на СДСM како партија на чие чело е Филипче, под менторство на Зоран Заев, е тоа што е во целосен интелектуален и политички ќорсокак, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Андреј Жерновски.
Андреј Жерновски несуден амбасадор, човек кој 20 години е на државна сметка, повторно беседи за тоа како државата не му се допаѓа и за тоа како системот не функционира.
Токму ликови како Жерновски, кој сака да се занимава со меѓународни работи, а нема елементарни познавања, како што на пример не знае што означува акронимот НАТО, кој не знае дека Европското јавно обвинителство веќе има нов главен обвинител и сателитите од СДСM на чело со Филипче и Заев ја распродаваа државата и ја понижуваа на секој можен начин, само за да си го наполнат сопствениот џеб, да инвестираат во Дубаи, да се луксузираат на јахти по Егејот, да купуваат акции од авиокомпании.
И наместо да шират демагогија, треба да се извинат на граѓаните што ги испокрадоа низ годините наназад.
Во однос на извештајот за напредокот на земјата за 2026 година, Македонија бележи напредок во повеќе области во споредба со претходната година, особено во дигиталната трансформација, истражувањето, науката, образованието и владеењето на правото тоа го потврди амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас.
Во однос на креирањето немир и хистерија на СДСM и Филипче, за Алта банка, време е СДСM на чело со Филипче да престане да создава вештачка криза, да престане да ја руши довербата на граѓаните во институциите и финансискиот систем.
Жерновски, Филипче и СДСM со притисокот кон НБРМ и хајката против Алта банка создаваат терен за евтино преземање на банката од страна на бизнисмен близок до СДСM и затоа со месеци ја политизираат темата за Алта банка.
Додека СДСM ја банкротираше Еуростандард банка, тогашната министерка за финансии, Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката си повлече од неа 250 илјади евра.
Граѓаните да бидат спокојни. Додека е премиер Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на власт плати и пензии ќе има, а банки нема да пропаѓаат. Македонија продолжува со реформите, нови инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

