Во Пробиштип денеска се одржа Национален младински дијалог на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници.
Градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, исто така, учествувал на настанот и на интерактивната сесија, на која присутните млади лица ги споделиле своите ставови, размислувања и предлози.
-Ме радува што прашањата и предлозите кои се од надлежност на локалната самоуправа беа конкретни и детално образложени од младите, како и што најголемиот дел од нив се поклопуваат со нашата стратегија и план за развој на општината – вели Тоневски.

На последната седница на Советот на општина Пробиштип, е усвоен Акцискиот план за млади за 2027/2028 година, со голем број на конкретни активности за подобрување на условите и можностите за младите од општина Пробиштип.
-Како локална самоуправа, остануваме посветени на поддршката на младите, создавањето можности за нивно активно учество и градењето средина во која нивниот глас, идеите и иницијативите ќе имаат вистинско значење. Иднината се гради заедно со младите-рече Тоневски.

