Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

Сиљановска-Давкова со амбасадорите на групата „Пријатели на Западен Балкан“ во Брисел: И покрај блокадата, забрзаното спроведување на Реформската агенда ја потврдува македонската посветеност на евроинтегративниот процес

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Брисел, на средба со амбасадорите на земјите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Брисел, на средба со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“, посветена на регионалната соработка и европската перспектива на земјите од регионот.

Како што соопштија од нејзиниот Кабинет, Сиљановска-Давкова на средбата со амбасадорите Ирена Андраси (Хрватска), Јоанис Враилас (Грција), Балинт Одор (Унгарија), Винченцо Челесте (Италија), Јурај Ноциар (Словачка) и Владимир Бертл (Чешка) им се заблагодарила за поддршката што овие земји ја даваат за евроинтегративниот процес на државава и нагласила дека и покрај блокадата во пристапниот процес, солидното ниво на усогласеност на нашето законодавство со правото на Европската Унија и стопроцентната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ ја потврдуваат македонската посветеност на евроинтегративниот процес.

Според Сиљановска-Давкова, дополнителна потврда за тоа е забрзаното спроведување на Реформската агенда, што е наведено и во овогодишниот извештај на Европската комисија.

Реклама

Сиљановска-Давкова изразила очекување дека интензивирањето на македонскиот пристапен процес и интеграцијата на регионот ќе биде приоритет на претстојните претседателства со Советот на Европската Унија, особено за време на претседателствувањето на Грција и Италија, како пријатели на Западен Балкан.