Реклама

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Македонија

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, преку објава на „Фејсбук“, соопшти дека со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, преку објава на „Фејсбук“, соопшти дека со ребалансот на буџетот на градот обезбедени се средства за изградба на две целосно нови средни училишта – „Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ во Драчево, општина Кисела Вода.

– Двете училишта ќе ги градиме со сопствени средства на Град Скопје! Предолго учениците во овие училишта се образоваа во крајно несоодветни услови. Предолго наставниците пренесуваа знаење во простории што не одговараат на потребите на современото образование. Затоа, преземаме обврска да изградиме целосно нови училишта, достојни за нашите деца и за нивните наставници! Ова го ветив во мојата предизборна програма. За неполна година од мојот мандат, со обезбедувањето средства го правиме клучниот чекор кон исполнување на дадениот збор! – пишува Ѓорѓиевски во објавата.

Ѓорѓиевски посочува дека и досега е вложено во образованието преку опрема, подобри услови за учениците и наставниците.

Реклама

– Да изградиш училиште значи да им дадеш простор на илјадници соништа. Да создадеш услови во кои знаењето ќе расте, талентот ќе се развива, а секое дете ќе има можност да го покаже најдоброто од себе. Во тие училници ќе се образоваат генерациите што утре ќе го градат и унапредуваат нашиот град, вели Ѓорѓиевски најавувајќи дека и понатаму градот ќе вложува во младите.