Франција денеска се соочува со масовен национален штрајк и демонстрации, на кои се очекува да учествуваат над 700.000 луѓе. Протестите, организирани од синдикатите, се насочени против растот на животните трошоци и намалувањето на куповната моќ на граѓаните.
На демонстрациите се очекува да им се приклучат и припадници на движењето „Жолти елеци“, како и средношколци и студенти, кои речиси два месеца протестираат поради условите во образовните институции. Властите стравуваат од повторување на настаните од 17 октомври, кога за време на немирите беа ограбени и оштетени продавници и јавни објекти низ земјата.

