Реклама

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Економија

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Од Народната банка соопштија дека Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од Народната банка соопштија дека Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност. Од Народната банка велат дека во годинешниот извештај Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Дополнително, нотирани се активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандарди.

Во извештајот се истакнува дека Народната банка останува посветена на водењето на монетарната политика во насока на одржување на ценовната стабилност, истовремено зајакнувајќи ги инструментите и надзорната рамка. Преземени се активности за подобро управување со ликвидноста, унапредување на монетарниот инструментариум и следење на климатските ризици. Со цел усогласување со регулативата на ЕУ, се препорачува земјата да ја зајакне финансиската независност на монетарната власт, соопшти Народната банка.