Реклама

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Македонија

Сулејмани во Куманово: Конкретни чекори за заштита на Табановската џамија

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани денеска ја посети Коџа Мехмед-бег…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани денеска ја посети Коџа Мехмед-бег џамијата во селото Табановце, кумаовско заедно со муфтијата на Куманово, Абедин Имери и директорот на НУ Национален конзерваторски центар, Александар Јорданоски.

Од Министерството за култура и туризам наведуваат дека за време на посетата била нагласена потребата од посебна грижа за овој објект од османлискиот период, прогласен за значајно културно наследство во 2008 година.

Сулејмани бил информиран дека Муфтиството на ИВЗ – Куманово ја завршило првата фаза од работите на џамијата, која опфати расчистување на надворешниот простор и обележување на границите на џамискиот двор. Следните фази продолжуваат во координација со надлежните институции.

Реклама

Проектот за оваа џамија ќе биде дел од програмата на Министерството за култура и туризам за 2027 година, во рамките на заложбите за заштита и зачувување на културното наследство.

По посетата, министерот се сретнал со градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, со кого разговараше за изнаоѓање решение за изградба и уредување на пристапниот пат до џамијата. Договорот за купување земјиште за овој пат веќе е потпишан, со што е создадена основа за натамошните чекори за подобрување на пристапот до објектот.

Министерството за култура и туризам, како што додаваат оттаму, останува посветено на заштитата и афирмацијата на културното наследство преку соработка со локалната самоуправа, Муфтиството и надлежните стручни институции.