Реклама

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Македонија

Бартломиеј Питала – почесен граѓанин на Скопје, човекот со чиј подвиг светот слушна за нашето богатство

Полскиот нуркач Бартломиеј Питала е прогласен за почесен граѓанин на Скопје, како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полскиот нуркач Бартломиеј Питала е прогласен за почесен граѓанин на Скопје, како признание за неговиот историски подвиг во подводната пештера Врело на Матка, каде што достигна длабочина од 338 метри и постави светски рекорд во истражувањето на подводни пештери.

Одлуката за доделување на признанието беше донесена денеска на седницата на Советот на Град Скопје, во знак на благодарност за неговиот придонес во промоцијата на Скопје и природното богатство на Македонија пред меѓународната јавност.

Рекордното нуркање беше реализирано во рамките на меѓународната експедиција „Врело 2026“, со учество и поддршка на нуркачки тимови од Македонија, Полска и Италија. Со достигнатата длабочина од 338 метри, пештерата Врело стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек.

Реклама

– Во мое име и во името на Советот, му изразувам огромна благодарност за експедицијата, за историскиот рекорд и за придонесот во светската промоција на нашиот град. Со ова признание, Скопје му оддава заслужена почит на човекот кој ги помести границите на истражувањето и ни даде уште една голема причина за гордост – објави на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Со прогласувањето за почесен граѓанин, Скопје му оддава признание на Питала за неговата улога во експедицијата, постигнатиот светски рекорд и придонесот во афирмацијата на градот на меѓународно ниво.

– Господин Питала остави трага во историјата на Врело и во срцето на Скопје. Од денес, нашиот град е и негов! Скопје ги памети и ги почитува луѓето што го задолжиле со своите дела – напиша скопскиот градоначалник.