Главната цел на СДСМ и Венко Филипче е да сее страв, паника и несигурност помеѓу граѓаните, за политички поен плус, од неизвесноста која ја создаваат, стои во соопштението на ВМРО–ДПМНЕ.
Ова се докажа со нивното последно барање за надзорна расправа во врска со случувањата со Алта банка. Наместо да имаме брзи одговори за граѓаните во најскоро време, тие измислуваат изговори за одложување.
Пратеничката група на СДСМ првично се согласија за потребата од надзорна расправа, а сега бегаат од дебата.
Се согласивме надзорната расправа да се одржи во најбрз можен рок, одлуката ја донесовме во понеделник на 02- ри ноември, а тие ја закажуваат дури наредната недела во среда, на 11-ти ноември!
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, со потписите на една третина од членовите на Комисијата за финансирање и буџет, веќе побараа таа да заседава уште денес, но, очигледно намерата на опозицијата е што подолго да се политизира, бидејќи тие ја закажуваат расправата за следна среда.
Потсетуваме дека со комисијата за Финансирање и буџет претседава Сања Лукаревска, кадар на СДСМ. Па затоа, од неа, но и од нејзините сопартијци во голема мера зависи кога граѓаните ќе добијат јасни и прецизни одговори за случувањата со Алта банка.
Почитувани,
Ние се согласивме да ги скратиме дел од деловничките процедури на Собранието, за јавноста да добие навремени одговори.
Додека пак од СДСМ се обидуваат само да купат време, за на прес конференции да шират страв и паника за македонскиот финансиски сектор.
Ја повикуваме Лукаревска и СДСМ да не ги држат граѓаните во неизвесност и да ја закажат надзорната расправа без одложувања, бидејќи јавноста заслужува одговори.

