Реклама

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Македонија

Претседателот на МД „Илинден“, Ѓурѓај, учествуваше на Дијалогот Шлезвиг-Холштајн – Западен Балкан

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана и претставник на македонското национално малцинство во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана и претставник на македонското национално малцинство во Албанија, Никола Ѓурѓај, учествуваше на Дијалогот Шлезвиг-Холштајн – Западен Балкан, што од 1 до 4 ноември се одржа во Академскиот центар Занкелмарк (Akademiezentrum Sankelmark), во Оеверзе, Германија.

На настанот учествуваа високи претставници од Германија, Данска и земјите од Западен Балкан, меѓу кои Албанија, Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија. Главните теми на дијалогот беа зајакнувањето на социјалната кохезија, инклузивното управување и заштитата на правата на националните малцинства, преку размена на искуства, споделување добри практики и унапредување на меѓународната соработка.

Ѓурѓај беше единствен претставник од Албанија, а неговото учество претставуваше можност за меѓународна афирмација на македонското национално малцинство во таа земја и претставување на неговите интереси и перспективи во разговорите за еднаквост, меѓуетнички дијалог и социјална кохезија, соопшти Македонското друштво „Илинден“.

Реклама

Меѓу учесниците беа Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања на Македонија, Агон Ферати, министер за односи меѓу заедниците, Дирк Шредтер, шеф на Државната канцеларија и министер за дигитализација на Шлезвиг-Холштајн, Јоханес Калсен, комесар за национални малцинства на Шлезвиг-Холштајн, Ненад Рашиќ, министер за заедници и враќање на Косово, и Елберт Красниќи, министер за администрација на локалната самоуправа на Косово.

Во текот на дијалогот беа презентирани успешни практики од регионот, меѓу кои основањето канцеларија на комесар за национални малцинства во Бијелина, Босна и Херцеговина, како и воспоставувањето платформа за дијалог меѓу Општина Тетово и ромските организации.

Дијалогот Шлезвиг-Холштајн – Западен Балкан беше организиран во соработка со Мрежата за компетенции за малцинствата на Шлезвиг-Холштајн и Јужна Данска (MKN), која се спроведува од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), со поддршка од покраината Шлезвиг-Холштајн.