Без вода денеска од 10:40 часот се корисниците од населбите Маџари, Хиподром и Трубарево во Општина Гази Баба.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето е прекинато поради дефект на огрлица на ул. Дончо Штипјанчето бр.20.
Исто така, без вода денеска од 10:45 часот се корисниците од улицата Св.Наум Охридски бр.16 поради уличен дефект ф-80 мм на истата улица.

