Реклама

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

Македонија

Македонија се вклучува во меѓународна акција за спас на египетскиот мршојадец

Македонското еколошко друштво (МЕД) ќе биде дел од нов петгодишен меѓународен проект…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското еколошко друштво (МЕД) ќе биде дел од нов петгодишен меѓународен проект за заштита на египетскиот мршојадец, една од најзагрозените птици грабливки во Европа. Проектот „Безбедно враќање на египетскиот мршојадец“ (LIFE EV Safe Return), кофинансиран од Европската Унија, ќе опфати 15 партнерски институции и организации од Европа, Блискиот Исток и Африка.

Во Македонија се евидентирани околу 10 гнездечки парови од овој вид, познат и како кања, кои живеат во Демиркаписката Клисура, Тиквешијата, Мариово и долината на Брегалница. На Балканот вкупно има околу 50 гнездечки парови, а нивниот опстанок е загрозен од труење, криволов и струјни удари при контакт со небезбедни далноводи.

Египетскиот мршојадец секоја есен мигрира од Балканот кон Африка, поминувајќи повеќе од 5.000 километри. Токму долж овие преселни патишта ќе се спроведуваат активности за намалување на ризиците и обезбедување побезбедни услови за опстанок на видот.

Реклама

Како партнер во проектот, Македонското еколошко друштво ќе ја следи бројноста на популацијата во земјава, ќе работи на идентификување и отстранување на заканите и ќе ја зајакнува соработката со локалното население. Посебен акцент ќе биде ставен и на зачувувањето на традиционалните сточарски практики, кои се важни за опстанокот на оваа птица.

– Овој проект е следниот чекор во долгорочната програма за зачувување на видот. Програмата, која ќе трае до 2031 година, ќе се темели на ефективни мерки за зачувување, ќе го прошири нивниот географски опсег и ќе воведе иновативни пристапи. Како партнерска организација во проектот, МЕД ќе ја следи бројноста на кањите во Македонија, ќе работи на идентификација и елиминирање на директните закани, ќе ги зацврстува врските со локалното население и ќе го вклучува во напорите за заштита. Исто така, ќе придонесе кон зачувување на традиционалните сточарски практики од кои зависи овој вид и ќе ги гради капацитетите за спроведување идни мерки со цел зајакнување на овдешната популација – вели Методија Велевски, орнитолог и програмски директор на МЕД.

Проектните активности ќе опфатат спречување на труењето на дивите животни, намалување на ризикот од струјни удари, борба против криволовот и обезбедување безбедни извори на храна. Во Бугарија и Грција се планира и пуштање во дивината на најмалку 40 египетски мршојадци одгледани во европски зоолошки градини или спасени од природата, кои ќе бидат следени со ГПС-предаватели.

Проектот предвидува и едукативни активности во пет земји, со кои ќе бидат опфатени повеќе од 4.000 ученици, наставници и млади природозаштитници. Во активностите ќе бидат вклучени и сточари, ловци, ветеринари, чувари и локални власти.

Проектот го координира Бугарското друштво за заштита на птиците, а покрај МЕД, во него учествуваат организации од повеќе европски и африкански земји. Активностите ќе ги надградат досегашните напори за зачувување на египетскиот мршојадец и за заштита на неговите живеалишта и преселни патишта.