СДСM и Филипче повторно шират паника, бидејќи немаат што друго да понудат како партија. Откако не им поминаа приказните за мигрантите, водата и пензиите, сега се обидуваат да внесат страв и недоверба во банкарскиот систем, пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
СДСM и Филипче единствено што нудат е евтина политичка хистерија и манипулации. СДСM и Венко Филипче продолжуваат со старата политичка матрица, секоја тема да ја претворат во причина за страв, несигурност и паника кај граѓаните.
СДСM повторно пласира сомнежи и инсинуации, обидувајќи се да ја наруши довербата на граѓаните во институциите и финансискиот систем.
Дали Филипче и СДСM со притисокот кон НБРМ и хајката против Алта банка создаваат терен за евтино преземање на банката од страна на бизнисмен близок до СДСM и затоа со месеци ја политизираат темата за Алта банка.
Банкарскиот сектор не смее да биде предмет на дневнополитички манипулации. Доста со фабрикување кризи за ситни политички поени. Довербата на граѓаните, сигурноста на нивните депозити и стабилноста на финансискиот систем се прашања од највисок јавен интерес и бараат сериозност, одговорност и институционален пристап.
Народната банка и надлежните институции се тие што имаат обврска да ја следат состојбата и да преземаат соодветни мерки за заштита на финансиската стабилност и интересите на граѓаните. СДСM и Филипче да не се обидуваат да создадат вештачки криза.
Граѓаните да бидат спокојни. Додека е премиер Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ на власт, плати и пензии ќе има а банки нема да пропаѓаат.

