Реклама

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

Македонија

Општина Кисела Вода го креира буџетот за 2027 во координација со граѓани

По средбата во Драчево, синоќа се одржа јавна средба и во Домот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По средбата во Драчево, синоќа се одржа јавна средба и во Домот на култура „Билјана Беличанец“, посветена на креирањето на новиот општински буџет на Општина Кисела Вода за 2027 година. Присутните граѓани директно се вклучија и преку дискусија ги посочија најважните потреби и конкретни решенија за своите населби. Преку нивните идеи, заедно се одлучува за следните чекори и заеднички се креира буџетот, дефинирајќи ги вистинските приоритети, соопштија утрово од локалната самоуправа.

– Процесот се спроведува во соработка на Општина Кисела Вода со „Finance think“, под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, со цел секој жител да има можност да придонесе во одредувањето на буџетските приоритети. Доколку граѓаните не беа во можност лично да присуствуваат на овие средби, отворена е можноста своите предлози да ги испратат електронски преку линкот: https://tinyurl.com/PrijaviProblem. Сите пристигнати предлози се клучни за заедничко дефинирање на приоритетите, бидејќи гласот на секој поединец е важен за развојот на општината. Овој процес се реализира во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas – се додава во соопштението на Општина Кисела Вода.