Во Собранието денеска ќе се одржи настанот „Новинарство во акција учиме за демократија“, наменет за ученици во основните училишта.
Како што информираат од собранисиката прес-служба, на настанот ќе се обратат претседателот на Собранието, Африм Гаши и амбасадорот или заменик-амбасадорот на Швајцарија.
Во рамки на настанот ќе се одржи презентација за проектите од училиштата: МААРИФ Меѓународно училиште – Скопје; ООУ „Блаже Конески“ – Скопје и ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ – Скопје.

